Според Коха, мигрантите ќе престојуваат во Косово „со цел да им се олесни безбедното враќање во нивната земја на потекло“.
„Владата на Косово одобри одлука за обезбедување привремена и непосредна заштита на 50 лица во рамките на соработката со Соединетите Американски Држави. Лицата опфатени со оваа одлука за време на нивниот престој во Република Косово ќе постапуваат во согласност со важечките законски прописи и ќе ги уживаат правата дефинирани со важечките законски прописи“, соопшти Владата на Косово. Премиерот Албин Курти рече дека изборот на мигранти ќе се направи од „предложен список“ и додаде дека тие ќе живеат во Косово уживајќи ги правата утврдени со косовското законодавство.
„Соединетите Американски Држави остануваат наш цврст сојузник, а Република Косово секогаш ќе биде нивен сигурен партнер. Вечно сме благодарни за помошта и континуираната соработка и високо ја цениме поддршката во областите на безбедноста и развојот, а особено на нашиот пат кон евроатлантска интеграција“, напиша Курти на Фејсбук.