Политичкиот аналитичар од Косово Артан Мухаџири верува дека посетата на генералниот секретар на НАТО Марк Руте на Косово е многу важна од два аспекта, првиот е дека покажува дека Косово и регионот се од голема важност за НАТО, што е добро за стабилноста на регионот, додека вториот аспект е поврзан со најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за намалување на бројот на американски војници во меѓународните мисии. Ова несомнено ќе има влијание врз мисијата на КФОР, објавија косовоските медиуми.
“Мисијата на КФОР сега има околу 4.700 членови, од кои 600 се од САД. Ако претседателот Трамп одлучи да го намали овој број, тогаш мислам дека мора да има план Б. Верувам дека во овие највисоки структури тие веќе имаат план и дека ќе му биде прикажан на косовското раководство, за да не бидат изненадени, изјавил Мухаџири за Косово Онлајн. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте е во посета на Сараево денес, а утре ќе пристигне во Приштина, каде што ќе се сретне со косовскиот премиер Албин Курти.