Таа додаде дека одржала состанок со Арсовска каде што градоначалничката се согласила инвеститор на проектот да биде впишано Министерството за култура, а по изградбата ингеренциите за Универзална сала да се вратат на Град Скопје.
„Градоначалничката, согласно процедурата, сега треба да ни даде извештај за состојбата, што е направено, бидејќи таму нешто се изведувало, треба да знаеме до каде е ситгнато. Зошто три месеци немаме потврден одговор, не знам“ рече Костадиновска Стојчевска.Министерката кажа дека Скопје влезе во потесна конкуренција за да биде Европска престолнина на културата во 2028 година и токму Универзалната сала е институцијата која аплицира.
„Ќе се обратам и повторно ќе ја повикам на средба на градоначаничката, за да помогнеме и во изработката на програмата за 2028, да бидеме поконкурентни. Но апелирам и до неа и до Советот на Град Скопје, да го разгледаат барање и да ни излезат во пресрет“ рече Костадиновска Стојчевска.Таа кажа дека парите за реконструкција на Универзална сала стојат на сметка и дека се направени сите проверки за кои имаше забелешки Арсовска.