Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов му се обрати на актуелниот претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓеорѓиевски со тврдење дека не се пополнуваат испразнети места во градинките и дека заради тоа во градинките има недостаток од кадар кој ќе ги чува децата.
„Никогаш до сега немало проблем за согласности и тоа за старо финансирање, да сега имаме недостаток од 30 негуватели и се загрозува процесот на згрижување на децата“, посочи Костадинов. Реагираше и за повратот на ДДВ.
„И ако министерката за финансии е Алберт Ајнштајн нека направи проста математика и да одговори зошто не враќаат ДДВ 70 милиони денари за ЈП Струмица транспорт, прв град на Балканот со целосно електричен јавен превоз и на струмички компании кои имаат право на поврат на ДДВ “, додаде Костадинов.