На денешната сесија на тема “Позитивна практика – зајакнување на соработката помеѓу национално и локално ниво за превенција“ за време на петтиот Глобален Самит на Силни Градови во Кејптаун, го споделив пристапот на Струмица за поттикнување ефективни партнерства за справување со предизвиците на заедницата.
Нашиот Локален Совет за Превенција (ЛСП) е одличен пример за како соработката и директната ангажираност на различни страни вродува со плод. Дел од активностите кои заеднички со помош на ЛСП ги решаваме се:



Локалниот Совет за Превенција претставува мост помеѓу општинските власти, полицијата, граѓаните и другите засегнати страни. Не е само платформа за дијалог, туку чекор понапред – механизам за дејствување. Со реализација на месечни состаноци, проактивно ги решаваме прашањата од интерес на жителите на Струмица, како јавната безбедност, социјалната кохезија, сообраќајниот метеж. Преку ЛСП, ги усогласуваме националните ресурси со локалните сознанија и искуство, за да создадеме решенија прилагодени на секојдневните предизвици на Струмичани.
Денес, на панелот порачав неколку суштински работи:



Продуктивните дискусии на Глобалниот Самит на Силни Градови ја потврдуваат важноста на настаните од овој калибар во обликувањето на побезбедни, инклузивни и поотпорни градови ширум светот.


