Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше на повеќе теми за градот. Меѓу нив е и загадувањето на воздухот. Костадинов рече дека Струмица е единствената општина која го намалила аеро загадувањето.
„Не е само Струмица одговорна за загадувањето. Ете на пример извршната власт е таа кога во некои случаи треба да казнуваат, а тоа не го прават. Загадениот воздух не познава ниту партија, ниту етникум. Единствена општина која има успешност во намалување на загаденоста е Струмица, со дури 50%“, рече Костадинов.