(текстот подолу е лично мислење во вид на колумна на Саше Ивановски и треба да се земе како такво со резерва, не се работи за новинарска сторија во која се даваат тврдења потврдени со факти за кои треба изјава од втора страна според кодексот на новинари на ЗНМ)
Моето мислење за Латас како човек и како новинар е познато, за него мислам се нај негативно. Неговите испади јавни, неговото немање морал етика принципи се добро познати, барем за оние што ги имаат и сакаат тоа да го видат, неговите 30 години во новинарството имаат барем 10% удел во сите проблеми што сега ги имаме како држава и како општество. Освен искажаните бљувотини од неговата уста овие 30 години, уште поголема штета е што многу новинари денеска работат по неговиот рецепт, тој им е идол, некои тоа го признаваат јавно…
Неговиот настап кај Александар Бичиклиски беше скандалозен, ја навредуваше цела Струмица дека била бугарски град, го навредуваше Коста и неговиот починат татко без грам одговорност на тежината на искажаниот јабен збор, но ова не е прв ваков испад на Латас, тој никогаш не ја разбирал одговорноста на тоа да се биде јавна личност со голема публика пред себе, мислам дека тоа често и го злоупотребувал за лични потреби и интереси… Тоа го слушнавме и во бомбите на Заев.
Но реакцијата на Коста беше претерана и неумесна и недозволива. Тој е политичар. Градоначалник на еден од нашите најголеми градови. Бил портпарол на СДСМ. Не смее вака да си дозволува ваков речник. Колку и да е во право да биде лут за искажаните бљувотини на Латас, тој мора да се однесува воздржано прибрано. Не смее да повикува на линч и да се заканува никому особено не на новинар, каков таков, Латас сепак е новинар признат од половина од јавноста и фелата.
Мораме да научиме да ги почитуваме правилата а личните мислења едни за други да си ги задржиме за себе. Ако пак некој е навреден од нечиј искажан збор си има процедури со тужбни за клевета навреда итн, барање за извинуање објава на демант и слично. Знам дека кога некој ќе истури пердуви од перница тешко се собираат, но се друго е анархија и сто пати полошо за сите како општество, ќе настрадаат токму новинарите, сите нивни стории и изјави некој ќе ги прогласи за навреда и ќе почне да тепа и линчува новинари, тоа не смееме да го дозволиме, тоа е отворање на пандорина кутија. Коста е млад политичар, од ова ќе извлече поука и ќе биде подобар политичар, ќе научи да ги држи емоциите во себе, нека учи од Зоран Заев, тој што се истрпе на своја кожа па никогаш вака не се заканувал никому…
Саше Ивановски
уредник на Мактел.мк