Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ја враќа довербата и поддршката од граѓаните преку понуда на конкретни решенија за подобрување на животниот стандард и функционалноста на локалната и централната власт, вели потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, во интервју за порталот Фронтлајн. Костова во интервјуто посочува дека работата на СДСМ не е сведена само на голо критизерство, како што тоа беше случај со ВМРО ДПМНЕ во минатото.
„Ние нудиме конкретни решенија за зголемување на минималната плата на 500 евра, но и намалување на цените на основните производи. СДСМ нуди решенија за деблокирање на евроинтегративниот процес. И како опозиција, работиме во интерес на државата, во интерес на граѓаните и тоа ќе биде препознаено и вреднувано“, вели Костова.