Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информира дека од понеделник започнува голема градежна офанзива која ќе опфати реконструкција и изградба на 70 улици. Во патната инфраструктура во општината ќе се вложат околу 130 милиони денари.Костовски.
Од понеделник започнуваме со најголемата градежна офанзива за изградба на нови улици и реконструкција на постоечките.До крајот на оваа година или поточно до крајот на мојот мандат ќе се инвестира во патната инфраструктура како никогаш до сега. 70 улици во сите населени места ќе бидат реконструирани, а некои улици за прв пат ќе добијат асфалт. Дел од овие улици се клучни коловози во населените места – вели Костовски.Меѓу поголемите улици кои ќе бидат опфатени се Боро Менков, главната улица во населеното место Љуботенски пат, Боро Кралевски, Бетовенова, Симче Настевски, Марко Крале и други.