Државниот обвинител Љупчо Коцевски вечерва на Топ тема на тв Телма објави дека пред да влезе во студиото добил информација дека основниот обвинител издал решение за приведување на 7 лица од полицијата кои утре ќе бидат најверојатно изнесени пред судија за претходна постапка.
Коцевски неможеше да каже дали овие полицајци се од овие што сега се на функција или се од претходната постава. Во однос кои се тие полициски службеници и што се дел од истрагата, јавното обвинителство за дел веќе има отворено истрага, меѓутоа еве ќе кажам во моментов, ми јавуваат, дека има издадено наредба за приведување на уште седум полициски службеници и утре ќе бидат изведени пред јавниот обвинител,а потоа иј пред судија на претходна постапка“, истакна Коцевски и додаде дека истрагата се проширува
Според извори на „Скопје1“ дел од лицата кои се приведуваат, се и пензионирани лица, а се поврзуваат со издавањето на дозволи кои помогнале да се издаде лиценца за дискотеката „Пулс“ да работи. Во јавноста и кај политичките партии има многу реакции дека се обвинуваат и апсат само поранешни функционери и полициски началници но не и сегашните поставени од министерот Тошковски.