КОЦКАТА ВО МАЏАРИ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈА! ЗАПОЧНУВА ЦЕЛОСНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЈОРДАН ПОП ЈОРДАНОВ!
Со задоволство сакам да ја најавам реализацијата на еден нов проект кој е од посебно значење на жителите на Маџари.
Утрово ја потпишав Одлуката за избор на економски оператор кој ќе ги извршува градежните активности за изградба на атмосферска канализација на улицата Јордан Поп Јорданов како прва фаза од целиот проект.
Веднаш по завршувањето на изградбата на потребната подземна инфраструктура ќе пристапиме кон асфалтирање на улицата со што коцката ќе замине во историјата.
Среќен сум што реализацијата на овој проект се случува во мојот мандат како градоначалник на општина Гази Баба, бидејќи жителите од оваа улица го барале тоа години наназад.
На граѓаните им ветив чесна, одговорна и посветена работа и тоа се случува на дело!