Имаше најави за СЕРИОЗНА дополнителна ФИНАНСИСКА ПОМОШ на Кочани од Централната власт, до сега со ОДЛУКА на Влада тие ПАРИ МОРАШЕ да бидат ОДОБРЕНИ, истите ветувања спласнуваат. Дали ќе биде ,,секое чудо за три дена” па така ќе се заборави и со овие ветувања?!
Закочени се сите тековни проекти, а камо ли да се работи на реализација на нови, кои се повеќе од потребни. И посебен АПЕЛ до Владата, освен со поддршка на Општината по однос на проекти од унгарскиот кредит, НАЈИТНО да се пренаменат ФИНАНСИИ за Центар за рехабилитација со геотермални води, (иаме изгласно ДУП и соодветна маркица за објект до градскиот базент), да се одобрат финансиски средства за изградба на Пензионерскиот дом (имаме готов проект и документација (парите беа укинати од претходната власт)), да се изгради прифатилиште за уличните кучиња (за што имаме готов проект), задолжително регионално прскање против комарци (за да биде ефективно) и сериозна студија по истото прашање. Има уште многу идеи и проекти, но овие можат да се реализираат за неколку месеци. Јас сум моментално во Виена (Австрија), потребен ми е психолошки одмор, но сум само еден и независен советник во Општината, не одлучувам за изборот на В.Д. Градоначалник (кои сметам дека треба да е со широк консензус) и затоа ги повикувам Власта и најголемата опозиција (нивните лидери вчера имаа состанок во Владата) да помогнат на Кочани во најбрз рок да се избере градоначалник и да се помогне градот финансиски со проекти.