Зборувајќи за неговиот однос кон Скопје, кон културата и секојдневниот живот, младиот автор Марко Иван Кочишки творец на книгата „Зб’рка поезија“ рече дека тој се определил за пишување, затоа што чувствува дека поразличен од најголемиот дел од неговата генерација.
„Јас немам ист музички вкус со мојата генерација, не одиме на исти места, но на еден просечен седумнаесетгодишен човек во Скопје, мислам дека би му бил убав животот и дека после 20иот роденден ќе сфати каде е и што се случува. Но, секогаш има добро и тоа добро треба да го градиме“ посочи тој.
Кочишки смета дека македонскиот начин на живот може да направи младите луѓе да не можат да се снајдат со европскиот начин на живот ако државата стане земја членка на ЕУ, но додава дека со членството сигурно би било подобро за државата.
„Ако иднината во ЕУ е подобра за младите, а младите се навикнати на македонскиот начин на живот, мислам дека тоа ќе им дојде како некој културен шок, бидејќи ќе дојде како нешто ново во градот и во земјата и нема да биде исто, туку ќе се сменат многу работи, но за државата и градовите сигурно ќе биде подобро“ порача Кочишки.