Министерката за финансии Гордана Кочовска денеска по повод празникот Прочка беше во Јегуновце, заедно со спругата на премиерот Рози Мицкоска, пратеничката Дафина Стојаноска и други. Таа оттаму побара и прочка по повод големиот христијански празник. „Денеска, на покана на Унијата на жени на Јегуновце и на претседателката Валентина Марчевска, заедно со сопругата на претседателот на Владата, Рози Мицкоска, претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, пратениците Дафина Стојаноска, Александар Велјановски и Лидија Петкоска, бевме дел од еден прекрасен настан кој традиционално се одржува во с.Жилче, На овој настан жените од мојот роден крај покажаа и докажаа дека ние жените сме столбот на семејството и домот, дека знаеме и можеме да бидеме одлични домаќинки, мајки, сопруги, професионалци на сите полиња, реализирани и успешни, жени достојни да се соочат со сите предизвици кои ги носи новото време, а истовремено успешно да си ја чуваме традицијата. Благодарам и на градоначалникот Димитар Костадиновски кој секогаш ни е одличен домаќин во Јегуновце.
На овој голем празник да си простиме и да побараме прочка за сите гревови, затоа што вербата во Бога ни дава сила тогаш кога е најтешко и ни дава сѐ што е најубаво“, напиша Кочовска.