МЗТ веќе оствари двоцифрена предност во текот на првата четвртина (17:6), а позитивата растеше уште повеќе во вторите 10 минути во кои најголемата предност изнесуваше „плус 24“ разлика (37:13).После првото полувреме „металците“ водеа со 44:25, а во третата четвртина ТФТ успеа да намали пола од негативата и стигне најблиску до „минус 10“ (46:36, 50:40).
МЗТ не дозволи мечот да влезе во резултатска неизвесност, и во последните 10 минути повторно се вратија на „плус 20“ (69:49), по што ТФТ веќе немаше сили за враќање и шампионската радост на МЗТ можеше да почне.Најефикасен во редовите на победникот беше В. Стојановски со 17 поени, запиша и по четири скокови и асистенции, следен од Едвин кој имаше 15 поени.На спротивната страна Гринли постигна 11 поени (четири асистенции), додека Зафиров оствари дабл-дабл учинок од 11 поени и 10 скокови.