Се надевам дека во периодот кој што следи заеднички ќе го одблокираме овој процес, достоинствено, бидејќи една од суштинските европски вредности е токму достоинството. Претседателот Кошта кажа дека патот до полноправно членство во рамките на ЕУ е фрустрирачки, тежок и предизвикувачки, но ние како народ можеме да кажеме дека години го одиме најтешкиот пат.
Факт е дека тој пат го одеа и другите народи кои што сега се дел од европското семејство, но граѓаните на оваа, една од најмалку бројните земји во срцето на Балканот и во Европа, го одеа и го одат најтешкиот пат ако може да се каже дека го одат бидејќи се наоѓаме на истото место каде што бевме пред 20 години, изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта.
View this post on Instagram