Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта идната недела ќе посети неколку земји од Западен Балкан. Посетата на Белград е планирана за 13 мај, пишува српски „Данас“. Тоа ќе биде негова прва посета на Балканот во форма на турнеја откако стапи на должост како претседател на Европскиот совет. Посетата на Приштина е закажана за следниот ден, 14 мај.
Според српските медиуми, Кошта во рамките на турнејата ќе ги посети „сите земји од Западен Балкан“, но засега нема информации за терминот на неговата евентуална посета на Македонија. Турнејата на првиот човек на Европскиот совет доаѓа непосредно пред самитот на Европската политичка заедница, кој ќе се одржи на крајот на следната седмица во Тирана. Европската политичка заедница е паневропска иницијатива која датира од 2022 година, основана на иницијатива на францускиот претседател Емануел Макрон, замислена како собира на повеќе од 40 лидери од земјите од европскиот континент и институциите на ЕУ.