Синоќа, СДСМ објави дел од имињата кои ќе се борат за градоначалничките места на претстојните локални избори коои треба да се случан наесен.Кандидатот на опзицијата за Аеродром е д-р Александар Трајановски.Градската организација на СДСМ-Скопје, му ја честиташе кандидатурата.„На Аеродром му треба пред се човек да ја води општината. Човек што помага секојдневно човек за сите. Честитки докторе“, напишаа од СДСМ.
Д-р Трајановски е специјализиран ортопед и трауматолог, дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година. Во 2012 година ја завршил специјализацијата по ортопедија, а во 2019 година и субспецијализацијата по трауматологија. Тој е поранешен директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Д-р Трајановски е активен и во политичката сцена како член на Извршниот одбор на СДСМ. Во минатото, бил носител на советничката листа на СДСМ во општина Аеродром, каде се залагал за поголема транспарентност и директен контакт со граѓаните. Тој исто така се залагал за пренос на седниците на Советот во живо, со цел граѓаните да имаат подобар увид во работата на локалната власт.