Со минута молк за оддавање почит кон починатите и со интонирањ на химната почна собирот на граѓанската иницијатива „Кој е следен“ пред Собранието. -За случајот „Пулс„ во Кочани граѓанската иницијатива разбирливо има дилема дали институциите правосудните и државните ќе ја спроведат правдата на достојно ниво и затоа бараме транспарентно и целосно да се објави документацијата поврзана со работењето на дискотеката „Пулс“ од 2012 до денес – рече Борјан Евтимов од Граѓанската иницијатива. Тој истакна дека бараат да се објави документацијата од Државниот пазарен инспекторат, Министерството за економија, Државниот градежен инспекторат, Министерството за внатрешни работи, Државниот инспекторат за урбанизам, локална самоуправа во Кочани, локален градежен инспекторат Диреекција за заштита и спасување, Управа за јавни приходи и консултативното тело за безбедност и превенција во Кочани за јавноста да види дали постојат тие документи и дали бил извршен надзор во таа дискотека.
Фотографии: Томислав Георгиев