Граѓанското движење „Кој е следен“ ќе почне со етапно поднесување на барањата во однос на пожарот во Кочани, во кој загинаа 61 лице. Претставникот од движењето, Умер Мухамеди на прес-конференција пред Владата, најави дека ќе почнат со формално доставување до архивата на сите институции кои сметаат дека се надлежни за спроведување на барањата.
Тие денеска го доставија првото барање – воведување е-инспекторат, преку кој ќе се внесуваат сите записници од извршени инспекциски надзори. Според него, целта им е сите да знаат дали некој угостителски објект е безбеден или не