По бурниот развод од Бенџамин Милепид, се чини дека оскаровката Натали Портман среќата ја најде во прегратките на францускиот музичар и продуцент Тангуј Дестабле, попознат по уметничкото име Тепр. Веста за нивната врска пред неколку дена ги преплави светските медиуми, а оттогаш парот неколкупати е виден на романтични прошетки низ Париз. Иако точниот момент и начинот на запознавањето на Натали Портман и Тангуј Дестабле не се јавно познати детали, извори блиски на парот наведуваат дека се познаваат преку заеднички пријатели. Со оглед на тоа дека и двајцата живеат во Париз и се движат во слични уметнички кругови, нивното запознавање не изненадува.

Исто како и популарна актерка, Дестабле е уметничка душа. Но тој својата креативна страна ја изразува преку музиката.
View this post on Instagram
Неговата музичка кариера започнала во раните 2000-ти како дел од електро и хип-хоп дуото „Abstractt Keal Agram“. Откако се одлучил за соло кариера во 2006 година, Дестабле почнал да гради име под псевдонимот Тепр и од експериментален хип-хоп преминал во денс електроника. Познат е и по компонирање музика за филмови и видео игри. Неговиот талент го препознаа и светските ѕвезди, па соработуваше со Лејди Гага на проект за „Dom Pérignon“, а од 2018 година редовно работи на саундтракови за модни ревии за Луј Витон. Пред врската со Натали Портман, Дестабле бил во долгогодишна врска со француската актерка Луиз Бургоан, а раскинале во 2023 година. Имаат два сина, Етиен и Вадим.