20.8 C
Скопје
29/05/2025 11:48
МАКТЕЛ

     

КОЈ И ЗОШТО ГО СПРЕЧУВА „ТОП БИЛД“ ДА РЕЦИКЛИРА АСФАЛТ ВО ВИЗБЕГОВО? Неколку поединци од зоната се помоќни од законските дозволи за работа

      

Ова е голем удар за сите инвеститори бидејќи со ваква пракса не може да се развива македонската економија. Не може неколку суетни поединци да се над законот и над институциите и да им се дозволи да создадат пракса со која утре секоја законска инвестиција ќе може да се стопира или по нечија желба дислоцира. Македонија е правна држава и верувам дека институциите во периодот кој следува ќе бидат поактивни во спроведувањето на законите и владеењето на правото, вели сопственикот на „Топ билд“, Радоман Дамјановиќ.
Kомпанијата „Топ Билд“ иако ги има сите потребни дозволи, уште од мај годинава не може да стартува со изградба на објектот во кој планира да инсталира нова и најсовремена постројка за производство на рециклиран асфалт. Сопственикот на компанијата „Топ билд“ Радоман Дамјановиќ во интервју за порталот Фактор објаснува со какви проблеми се соочила неговата компанија, која се занимава со нискоградба, а нејзин главен фокус се асфалтерските работи.

– Компанијата постои подолг период, а седум години се занимава со асфалтерската дејност, претходно приоритетна дејност беа надзорни активности, а работевме и во градежништво. Јас сум сопственик на компанијата веќе шест години. Имаме преку 30 вработени. Имаме приходи од околу пет милиони евра годишно, а профитабилноста се движи некаде меѓу 10 и 20 проценти, што зависи од годината, или бруто добивката е од половина до еден милион евра годишно. Инвестиравме пет милиони евра во најсовремена механизација – вели Дамјановиќ.

   

Со каков проблем се соочивте?
– Почнавме инвестиција, со намера на пазарот да донесеме нова и напредна технологија, која е пракса во развиените држави. Станува збор за најсовремена и еколошка постројка за производство на рециклиран асфалт. Тоа значи дека асфалтот кој е дотраен и кој се отстранува од нашите патишта, се преобработува со постројката, и повторно се користи. Таа постројка влијае индиректно на заштита на животната средина, бидејќи е значително намалена потребата да се користи материјал кој се експлоатира од минералните суровини. Таму запрашувањето е многу поголемо и влијае на животната средина, односно се користат материјали кои се експлоатираат од рудниците, и при минирањето и дробењето има процес на запрашување, додека при производството на рециклиран асфалт тоа е еден затворен процес, каде што буквално нема никакво запрашување. Тоа е постројка од производителот Marini од Alfonsine во Италија, кој е реномиран производител за овие постројки. Ја набавивме и ја увезовме опремата во државава. Купувањето е целосно финансирано со кредит од домашна деловна банка, која финансира исклучиво еколошки проекти, и доколку тие не беа уверени согласно протоколите кои ги имаат во банката, немаше да ни одобрат финасирање на таа опрема. Инвестицијата вреди некаде околу еден и пол милиони евра чини до овој момент. Имаме многу дополнителни инвестиции од аспект на градежни работи, дополнителна опрема што треба да се набави, соларни панели, земјиште…

Каде е земјиштето?
– Земјиште купивме во општина Чучер Сандево, од приватна компанија која го поседуваше, и тоа земјиште согласно имотниот лист кој ни го покажаа, беше со намена Г2. Согласно важечкиот правилник за урбанистичко планирање, главната намена на Г2 е за инсталирање и изградба на лесна и незагадлива индустрија, каде што прва поднамена, Г2.1. е изградба и монтажа на постројки за производство на асфалт и бетон, или поедноставно асфалтни и бетонски бази. Потоа, за да се стекнеме со одобрение за градба, согласно сите закони и правилници, ние бевме обврзани да прибавиме дополнителна документација, каде што се изјаснуваа повеќе институции, и сите дадоа позитивно мислење. Така се остварија условите да добиеме правосилно одобрение за градба кое го поседуваме. Тоа вклучува решение за одобрен елаборат за животна средина од Министерството за животна средина, кое е клучно за ваков тип на постројки, потоа Водовод и канализација, комуналните претпријатија кои што се изјаснуваат од аспект на инфраструктура, ЕВН, локалното комунално претпријатие, како и Управата за цивилно воздухопловство, бидејќи во непосредна близина таму е аеродромот Стенковец. И од таму имаме добиено позитивно мислење дека оваа постројка и опрема, и со тој проект каков што го приложивме, нема да има никакво влијание на аеродромот. Имотот е околу 5.000 метри квадратни, а објектот за производство на асфалт зафаќа површина помалку од 1.000 метри квадратни. Земјиштето го купивме по цена од 60 евра за метар квадратен плус ДДВ, бидејќи го купивме од приватна компанија, односно од компанијата „Виа маркетинг зони“.

Кога стартуваше изградбата?
– Бидејќи правосилното одобрение за градба го добивме кон крајот на април годинава, изградбата стартуваше на 28 мај, по што веднаш направивме организација и ги известивме надлежните институции согласно условите пропишани во одобрението, го оградивме градилиштето согласно закон и почнавме со изведба на работите. Во истиот момент, неколку часа подоцна, од страна на Здружението на стопанственици од индустриска зона Визебегово, ни беше блокирана изградбата. Веднаш по почетокот на работите се појавија претставници од Здружението, каде што влегуваат неколку компании од зоната Визбегово. Треба да се напомене дека против нашата постројка не се сите компании што работат во таа зона, туку само неколку субјекти, кои со мобилизација на свои вработени дојдоа и го блокираа пристапот, и оневозможија нашата опрема, машини и луѓе да излегуваат и да влегуваат во објектот, со што ја попречија градбата и нѐ попречија во владение. И за сето тоа многу лесно можат да се најдат докази бидејќи сето тоа се одвиваше и во присуство на медиумите.

Би ни откриле ли кои се тие компании кои се предводници на овие активности кои ве попречуваат да работите?
– Ние сме запознаени дека еден од нив е сопственикот на компанијата „Polyesterday“, друга компанија е „Темпо 99“, кои се непосредни соседи до нашата парцела, тоа е господинот Џеват Шаини, потоа господинот Нухи Алиу од „Еуроактива“, Фатмир Емини од „Евтинија Импекс“, и генерално, тоа се најгласните компании. Едно време таму го гледавме и професорот Таип Јакупи, за кого мислам дека предава на бизнис академијата Смилевски. Со нив претходно имавме средба, во оној момент кога тие добија информација дека ние сме го купиле тоа земјиште и дека имаме намера да изградиме асфалтна база. Тогаш на нивно барање остваривме средба и нашата цел беше да ги осигураме дека не станува збор за никакво загрозување на нивната средина и дека нема никаква опасност по нивното здравје, бидејќи станува збор за современа опрема која има пракса и се користи во сите развиени западни држави. Тие не веруваа во тоа и се соочивме со спротивставување, и изнесување невистини и небулози, каде што тврдеа и сѐ уште тврдат дека асфалтот е канцероген. Тоа е лага со цел да предизвикаат паника кај населението провоцирајќи ги нивните лични чувства на осетлива тема без аргументи. Една пекара за две недели работа испушта во атмосферата повеќе штетни органски соединенија отколку една современа асфалтна база за цела година работа, односно една бензинска пумпа за пет месеци испушта повеќе толуен во атмосферата. Излегуваа повеќе пати во јавноста и сите работи кои ги изнесоа досега се груби невистини. Освен една работа, а тоа беше едно истражување, каде доставиа студија од некој институт за здравје од Њу Џерси, САД, каде што во насловот беше подвлечено дека асфалтот е опасен, за во самиот текст да стои дека асфалтот не е идентификуван како канцероген, и тоа е единствена вистина досега, која е спротивна на сите нивни претходни тврдења.
Значи, пласираа невистини дека асфалтот е канцероген, пласираа невистини дека елаборатот кој е изработен од стручна компанија ангажирана од наша страна содржи податоци кои се фингирани, и тоа е груба невистина, бидејќи тој елаборат содржи податоци кои се сертификати издадени од самиот производител. Друга невистина што ја кажаа е дека земјиштето не е за намена за изградба на асфалтна база. И кога самите после долго истражување и прибавување на документација веројатно увидоа дека сите нивни тврдења се невистини и неосновани, тогаш посегнаа на друг начин да ја девастираат компанијата и да го уништуваат нејзиниот имиџ, и да не обвинуваат за незаконско работење за добиен тендер во општина Чучер Сандево, каде исто така изнесоа еден куп невистини. Со самото тоа потврдија дека нив воопшто не им е грижа ниту за животната средина, ниту им пречи базата што ќе биде во нивна непосредна близина, туку тие застапуваат некои други интереси, со кои некој има намера да ја ограничи лојалната конкуренцијата, односно да го елиминира „Топ Билд“ на пазарот.

Кој ви е конкуренција во бизнисот?
– За делот каде што нѐ обвинуваат, ние прв пат се јавивме во таа општина и го добивме тој договор во 2023 година. Треба да се истражи системот за јавни набавки и да се види кој сѐ претходно таму учествувал и кој ги извршувал работите, и можеби тоа ќе биде показател кому му пречи конкуренцијата. Инаку, повеќе компании работат асфалтерски работи.

Дали сѐ уште не ви дозволуваат да почнете со градбата?
– Не ни дозволуваат. И во секој момент кога ќе забележат некои наши активности, тие доаѓаат и велат дека имаат законско право да изразуваат протест согласно Уставот. Во меѓувреме кога немаат кворум од 21 лице паркираат возила пред нашиот влез и на таков повторно незаконски начин нѐ попречуваат во градба, нивните закани одат дотаму што ни велат дури и да успеете во намерата да ја изградите постројката ќе ве блокираме во работата на разни начини со сценирани сообраќајки и нема да ве оставиме да работите.

Дали нив им се придружуваат и граѓани кои таму живеат?
– Не, не. Тие се координираат неколку компании и секоја од нив праќа по два-тројца вработени и бараат поддршка и од други соседни компании, за да дојдат до оној број кој е минимум потребен за да се одржува јавен собир, 21 лице. За ова ние многу пати имаме пријавувано во надлежните полициски станици и во СВР Скопје. Имаме ситуации каде наши вработени се соочени со притисок и со закани. Голем број од нашите вработени се од таа општина и се радуваат кога има нови инвестиции бидејќи нивните фамилии живеат таму и со плаќање на даноци се подобрува образованието, здравството и општото добро на општината. Впрочем, граѓаните на Чучер Сандево со петиција од скоро илјада потписи се изјаснија за поддршка за изградба на современа асфалтна база во индустриската зона.

Дали доаѓа Полицијата кога ќе ја викнете?
– Полицијата доаѓа, прави некои записници, а некои записници се составуваат и во нивна корист, каде што работите не се пренесуваат такви какви што се, а случаите се затвораат и не е покрената никаква постапка по службена должност. Ние покренавме приватни судски постапки за оневозможување во владение и за ограничување на движење. Ние ги имаме известено сите министерства со допис за целиот случај. Можеби половина од новата Влада е известена, бараме да ни се заштитат нашите загарантирани права со закон и да ни се овозможи пристап. При една од тие пријави во полициската станица Мирковци, каде што наши вработени даваа пријави за одреден настан, информиран сум дека е повикан и инспектор од Секторот за насилство, кој стапил во контакт со дежурен јавен обвинител, бидејќи настанот се случил подоцна во вечерните часови. Тогаш обвинителот е известен за сета хронологија и тој ги информирал службениците од МВР дека не постои можност да се поведе службена постапка. Но, тој им дал насоки на инспекторите дека надлежната полициска станица треба да ѝ овозможи непречен пристап на приватната компанија која ја поседува документацијата да ги извршува своите редовни работни активности и да се овозможи непречен влез и излез од објектот. За тоа сигурно е составена некаква службена белешка која ја имаат во Полицијата.

Какво насилство се случило?
– Имало закани кон нашите вработени со зборовите „Да си одите веднаш и повеќе да не се враќате“, „Да му пренесете на управителот и на сопственикот дека тука никогаш нема да се изгради асфалтна база“, а во одреден момент имало и неовластено влегување на нашиот имот и се упатени закани со зборовите „Да си одат побргу, да не се симне некоја екипа од село кои се агресивни и кои може да направат беља“, со што нашите вработени се почувствувале загрозени по нивната безбедност и здравје. Во други случаи наши возила и механизација се попречувани и опколувани на неколку стотини метри уште пред влезот на нашиот имот од НН лица и со попречување со едно две патнички возила. Класично самоволие на дело.

Овие протести траат континуирано од 28 мај сѐ до ден-денеска. Во повеќе наврати е пријавувано во полиција, известени се сите министерства. Јас колку што сум информиран, Здружението во повеќе наврати има доставено барања или претставки до институциите со цел отповикување на веќе правосилно донесеното одобрение за градба. Ние веруваме во правната држава и настојуваме да ги искористиме сите правни лекови за да си ги заштитиме своите права кои ни се и нас загарантирани со закон и со Устав. Ние секогаш поддржуваме граѓаните да изразат свој револт за одредени работи за кои сметаат дека се неправедни, но не смее уставно загарантирано право да се злоупотребува за некакви други цели, во случајов за некакви бизнис интереси.

Кои ќе бидат Вашите следни чекори?
– Ние веќе имаме поднесено тужби до судските инстанци. Сега ќе ги известиме и меѓународните институции за загрозување на човекови права, а ќе доставиме уште неколку претставки, со инсистирање надлежните органи, односно Полицијата да почне да делува и да ги заштити нашите права, а со цел да можеме да ги оствариме нашите намери. Треба да се потенцира дека се работи за група од неколку поединци, бидејќи не станува збор за сите компании кои работат и функционираат во Визбегово, затоа што таму има и реномирани и општествено одговорни компании, кои се управувани од многу успешни менаџери и кои не ги поддржуваат овие незаконски работи, и затоа е неблагодарно сите да ги ставиме во една целина. Затоа велиме дека се работи само за неколку компании кои можеби се чувствуваат загрозени, но веќе на сите им е јасно дека аргументите и законот се на наша страна, и дека кај нив не станува збор ниту за грижа за животната средина, ниту за грижа за владеење на правото, бидејќи сите постапки се испочитувани. Во меѓувреме на уште еден национален ТВ сервис имаше гостување на директорот на Државниот инспекторат за животна средина, кој за конкретниов случај прецизно одговори дека новите и современи асфалтни постројки кои подлежат на редовни контроли, не се опасни по животот и здравјето на граѓаните и по животната средина.

Дали на протестите има граѓани кои живеат таму во близина?
– Според снимките кои можеме ние да ги видиме од протестите, станува збор за градежни машини и возила на компанијата „Баукоп“, за која исто така, мислам дека е сопственички поврзана со компанијата „Темпо99“ на господинот Џеват Шаини, и тие се употребуваат за блокада на нашиот влез, со тоа што се поставуваат непосредно пред него, додека луѓето кои што ги гледаме таму се претежно облечени во ХТЗ опрема и со ознаки од компаниите, што значи дека тие во поголем број се нивни вработени. Можеби да има и некој жител таму, каде што тие успеале да направат некое влијание тој да се појави на протестите и да даде некоја изјава, но дефинитивно не станува збор дека жители од било каде се вознемирени бидејќи се работи за индустриски простор каде што се наоѓаат исклучиво само компании. А, истиов тип на постројка и од истиов производител се инсталирани во густо населени подрачја во светски познати метрополи, како што е Версај во Париз, Милано и Болоња во Италија, повеќе локации во Австрија, во Унгарија, во Норвешка… Асфалтна база „Green Asphalt“ на друг производител има во ЛонгАјланд во сојузната држава во Њујорк, САД, која буквално е во центарот на државата, каде што живеат 10 милиони жители. Тоа е густо населено место, со паркови….

Додека, пак, во Визбегово во зоната, нема жители, ние сме индустриска развојна зона, каде што нема жители. А, во непосредна близина има две диви депонии, кои неконтролирано горат, и овие луѓе кои нас ни протестираат, во ниеден момент не искажале грижа. Значи, ние сме баш во зоната, меѓу две диви депонии, и ниту ова Здружение, ниту овие луѓе кои стојат зад овие протести, во било кој момент изразиле грижа за загрозување на животната средина. Во блиско минато таму имаше и случај во кој неконтролирано се топеше некое олово, и каде излегоа претстсавници на здравствени институции и потенцираа дека станува збор за опасност по колективното здравје, и тогаш немаше никакви реакции. А за да биде апсурдот уште поголем, целата оваа индустриска зона е обиколена од петнаесетина индустриски објекти – за производство на камен, за производство на асфалт, за производство на бетон, и повеќето од тие производствени капацитети се со значително застарена опрема, за која не сме сигурни дека ги задоволува еколошките стандарди. И за нив нема никакви реакции, а единствената реакција таму е за најсовремената постројка на „Топ Билд“.

Колкава е вашата штета за целиот овој период на неработење?
– Ние трпиме огромни штети секој ден. Не би сакал да лицитирам со бројки во овој момент. Но, имаме голем број вработени кои се подолго време вработени во компанијата само за таа намена, и тие сега не можат да си го вршат редовното работење и активности. А има и друга опрема која е поврзана со работата на оваа база, која е уште порано набавена, и која сега сѐ уште не може да биде ставена во функција во целосен капацитет. Ние овие проекти ги финансираме од домашните банки, а за земените кредити плаќаме и камати. Опремата уште од септември лани е истоварена во едно складиште и треба да се има предвид дека таа амортизира, а не е ни пуштена во употреба. Плус имаме и изгубена добивка, за која ќе се произнесе стручно вешто лице.
Ова е голем удар за сите инвеститори бидејќи со ваква пракса не може да се развива македонската економија. Не може неколку суетни поединци да се над законот и над институциите и да им се дозволи да создадат пракса со која утре секоја законска инвестиција ќе може да се стопира или по нечија желба дислоцира. Македонија е правна држава и верувам дека институциите во периодот кој следува ќе бидат поактивни во спроведувањето на законите и владеењето на правото.

   

Најново

Герасимовски и ФЕС: Центар е прва општина во државата со предлог-план за праведна енергетска транзиција

Sase Ivanovski

Објавени се Конкурси за питомци и студенти за прв и втор циклус на студии на Воената Академија

Sase Ivanovski

Славески: Оние што имаа забелешки ќе ги убедам дека Народната банка ќе остане независна институција

Sase Ivanovski

КАЗАХСТАН Е ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА СЕОПФАТНО ПАРТНЕРСТВО СО МАКЕДОНИЈА Сиљановска Давкова и колегата Токаев во Астана зборуваа за економските врски

Sase Ivanovski

НОВОСАЃАНКА СЕ ОДВРЗАЛА ОД ПАДОБРАНОТ, ЈА НАШЛЕ МРТВА Несреќа со парасеjлинг ја потресе Будва

Sase Ivanovski

Инжинери на Македонија: Од денес ЕВН не смее да издава паушални фактури за потрошена струја

Sase Ivanovski

Трифун Костовски: Од госпоѓата Бежоска, гувернерот во заминување го доживеав мојот најлош период од професионалниот живот

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ И УРСУЛА ЌЕ ГО МЕНУВААТ ЛИКОТ НА КОЧАНИ Премиерот вети целосна трансформација на градот

Sase Ivanovski

Тренчевска за изборот на Славески: Партиски послушник кој барањето за повисоки плати го нарекуваше „фолклор“

Sase Ivanovski

„Бандитска“ МАНУ стратегија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУНОВСКА: Ако Црна Гора и Албанија влезат пред нас во ЕУ ние ќе останеме слепо црево на Балканот и ќе бидеме во опасност да се распаднеме како држава

Sase Ivanovski

Да живее Македонија! Благодарам Мицковски што ја штитиш Европа од мигрантите!- На конгрес на конзервативците во Будимпешта, Орбан му се заблагодари на Мицкоски за заштитата на европската граница од миграцијата

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Почна судењето за „Адитив“ во дигиталната судница во „Идризово“

Sase Ivanovski

Македонија и Малта заедно за реализација на огромните ЕУ фондови за инвестиции во образование, наука, млади и спорт

Sase Ivanovski

Скандал во бугарскиот парламент – пратеници ќе се степаа за рускиот јазик

Sase Ivanovski

До утре е рокот за поднесување барања за промена на лиценци за вршење на енергетски дејности

Sase Ivanovski

Приведено лице од Битола барано со потерница за издржување казна затвор од пет години

Sase Ivanovski

Тројца пациенти добија протези за еректилна дисфункција платени од државата

Sase Ivanovski

Александар Маневски е нов претседател на ОФС Куманово

Sase Ivanovski

Во Судан 70 мртви од колера за два дена

Sase Ivanovski

Пандов ги повика судиите да ја користат дигиталната судница во Идризово: Може да се суди и за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

А всушност зошто ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се против рамковна Северна Македонија? Оти алтернативата на „рамковна“ е – „дејтонска“

Sase Ivanovski

Министерството за здравство ќе ја остави доктор Катерина Паниќ во Кочани да се грижи за повредените, наспроти тоа што Таравари потпишал таа да оди во ГОБ „8 Септември“

Sase Ivanovski

Поранешниот амбасадор во Ватикан се замонаши – Ѓоко Ѓорѓевски го доби името Георгиј

Sase Ivanovski

GLEY со нов видео-серијал за физичка активност и ментално здравје

Sase Ivanovski

ГРАД СКОПЈЕ: Во општина Ѓорче Петров ќе се градат на 157.000 m2 три индустриски објекти хемиски фабрики и дополнително над 30 згради со кои ќе се пренатрупа за двојно повеќе бројот на жители дозволени согласно ГУП во тој дел на градот

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Владата со сеопфатна стратегија за младите, нов Оперативен план за вработување за 2025 со инвестиција од 40 милиони евра и опфатени над 16.000 невработени лица

Sase Ivanovski

Повеќе од половина од Бугарите се против еврото

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се ТОП 5 македонски рудници? Од продажба наплатија 260 милиони евра во 2024 година!

Sase Ivanovski

Европа ја зголемува возраста за пензии, ќе се работи и до 70 години?!

Sase Ivanovski

ФАКТОР.МК: КОСОВСКАТА ВИВА ФРЕШ, СОПСТВЕНИК НА КИТ-ГО МАРКЕТИТЕ, ЈА КУПУВА АЛБАНСКАТА ФИРМА СПАР – еве кој е нивни сопственик, кои ќе бидат следните чекори

Sase Ivanovski

Израел се подготвува да го нападне Иран без предупредување и без поддршка на Трамп?

Sase Ivanovski

САД објавија нова политика за визни ограничувања против странци кои „цензурираат“ Американци

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Руски офицер кој командувал со нападите врз Мариупол убиен со бомба пред зграда

Sase Ivanovski

Кочани: Писмо до јавноста од преживеаните во „Пулс“, пациентите загрижени затоа што им промениле доктор

Sase Ivanovski

Чиле: Поднесен предлог-закон за легализација на абортусот до 14 недели од бременоста

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожари во Канада, евакуирани над 17.000 жители од Манитоба

Sase Ivanovski

Нов американски предлог: Девет живи заложници, 60 дена прекин на огнот и делумно повлекување на израелските одбранбени сили

Sase Ivanovski

Русија се соочува со невидено ниво на кибернапади од Киев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Воен авион се урна во Јужна Кореја

Sase Ivanovski

ДРЖАВАТА ШТЕДИ: Аргентина укина 48.000 работни места во јавниот сектор

Sase Ivanovski

Путин го праќа „Орешник“ во Белорусија

Sase Ivanovski

Пратенички прашања во Собрание

Sase Ivanovski

Русија го нападна Сумискиот регион, едно лице е убиено, друго е тешко повредено

Sase Ivanovski

Маск ја напушта администрацијата на Доналд Трамп

Sase Ivanovski

Украина бара од Русија да го поднесе својот меморандум за предлозите за прекин на огнот

Sase Ivanovski

Судот ги поништи царините на Трамп и ги прогласи за нелегални

Sase Ivanovski

Променливо облачно и дождливо

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОД ВАРДАР ДО ЛЕГЕНДА НА АЕК Македонец испиша историја во грчкиот клуб

Sase Ivanovski

ПОНЕСЕТЕ СИ ЧАДОР Времето ќе се стабилизира дури в недела

Sase Ivanovski

Дете е повредено во „тикток-предизвик“ во скопско училиште

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Челси ја освои Конференциската лига и испиша историја

Sase Ivanovski

Арсовска пристигна пред Град Скопје и низ смеа порача: Кај си бе Виксче ти пишав да ме чекаш а ти по три минути низ парк избега

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Ганиу и граѓаните пристигнаа пред Град Скопје и го фрлија ѓубрето

Sase Ivanovski

Трајко Славески со 68 гласа е новиот гувернер на Народната банка на РС Македонија

Sase Ivanovski

Арсовска до Ганиу: Вечерва си ковал план лопову криминален да собираш пак ѓубре и да правиш герила да го истураш пред град Скопје

Sase Ivanovski

Лавров разговараше со Рубио за претстојните преговори со Украина

Sase Ivanovski

Сите вработени во Глас на Америка очекуваат оваа недела отказ

Sase Ivanovski

Мицкоски и Николоски за ратификацијата: Ова е историски договор за Македонија, промените се случуваат

Sase Ivanovski

ТРЕНДАФИЛОВ: Нашите работници во Словенија, Германија, Хрватска се продуктивни зашто таму платите се три до четирипати повисоки

Sase Ivanovski

Русија предлага втора рунда директни преговори со Украина во Истанбул в понедленик

Sase Ivanovski

Зеленски: Трамп повеќе е изнервиран од Путин отколку од мене

Sase Ivanovski

Стојанче Ангелов гасеше, ама во ланските пожари „изгореа“ 83 милиони евра

Sase Ivanovski

Марта Кос: Проширувањето на ЕУ е прашање на безбедност, за првпат имаме вистинска шанса да го обединиме континентот

Sase Ivanovski

Костадинов до Кочовска: Доцна е за средба министерке, веќе сами ги решаваме проблемите на Струмичани – немаме време за глума и лажен ПР

Sase Ivanovski

ИК утврди 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, партијата и кандидатите убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат

Sase Ivanovski

Фестивалoт на феминистичка култура ќе се одржи на 30 и 31 мај

Sase Ivanovski

720 невработени млади ќе добијат по околу 10.000 евра за да основаат бизнис

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски фатен во тесно за тендерот на МВР ја навреди новинарката која што го прашуваше за аферата

Sase Ivanovski

Концепт „два плус два“- можно решение според сообраќајните експерти за подигање на безбедноста на експресниот пат Штип – Кочани

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Промените се случуваат! Помина во Собрание Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Sase Ivanovski

Илон Маск е „разочаран“ од законот за трошење на Трамп, вели дека тој го поткопува она што го прави Одделот за ефикасност

Sase Ivanovski

Пензионерите ќе можат да заработат плата покрај пензијата

Sase Ivanovski

Поранешен француски хирург кој е обвинет за 111 силувања на деца осуден на 20 години затвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОХРИДСКИ АВТОБУС НАПРАВИ ХАОС ВО ЦЕНТАР, ИСПОКРШИ СТОЛБЧИЊА НА КРУЖЕН ТЕК

Sase Ivanovski

Македонија најбогата на Балканот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој е Трајко Славески, новиот гувернер на НБРМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФАТЕНИ СО РАЧЕТО ВО МЕДОТ: Функционери бизнисмени – Лапале тендери со скриени фирми

Sase Ivanovski

Адеми: Македонците не можaт да го добијат “второто полувреме”

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори

Sase Ivanovski
Вчитувам....