МАКТЕЛ

     

Кој кажува што е национален интерес?

      

Во политичката теорија, постои едногласност дека државниот интерес обично го дефинира владата. Да речеме, “успешното водење на пристапните преговори со Европската Унија”, што сегашната влада го постави како стратешки приоритет во својата програма, е државен интерес.

Потребно и оправдано е да се дебатира во јавноста што е “успешно водење на пристапните преговори”, но, на крај од процесот, владата е таа која ги преземa сите потребни чекори за “успешни преговори”. Ако на пример, владата успее да обезбеди меѓупартиска согласност за внесување на бугарското малцинство во Уставот или барем двотретинско мнозинство во Собранието, колку што бара уставната процедура, може да каже дека водела успешни пристапни преговори.

Нема збор дека стратешките приоритети на владите на демократските држави поминуваат низ долг политички процес на усогласување на различни интереси и дека, на крај, ги одобрува претставничкото тело. Но, конкретната политика на чекори, како да се стигне од овде до онде, е работа на владата. Кога станува збор за политики кои се од исклучително значење за една земја,  владата ќе се погрижи да изгради широка меѓупартиска и граѓанска коалиција, пред сè во областа на надворешната политика. Тогаш државниот интерес, како “национален”, станува силна алатка за подршка на таа влада.

   

Зошто, пред сè, во надворешната политика?Бидејќи меѓународниот систем е  анархичен; нема светска влада, претседател, полиција или судство, така што државите, налик на билијардски топки со различна големина, опасно се удираат едни од други. Секоја држава го брани својот национален интерес, кој во таков контекст се идентификува со националната безбедност – а тоа се мирот и функционирање на  државните институции.

Со овој реалистички пристап веројатно нема да се сложат мнозина, кои се повикуваат на меѓународното право и кои многу буквално ја разбираат еднаквоста на државите, а меѓународниот притисок врз една држава да се реши некој проблем го сфаќаат како лична навреда. Да, во принцип државите се еднакви, но реално, некои се поеднакви од другите, би рекол Орвел, особено при безбедносно-загрозувачки ситуации. Тогаш, решенијата ги налагаат оние кои се заинтересирани а воедно располагаат со политичка, економска или воена моќ за тоа.

Среќна околност е, што од почеток на независноста, политичкото раководство на земјата свесно се определи за демократскиот свет, каде владеење на правото се смета за фундаментална вредност, а политичките решенија се балансираат. Од првата влада до денес, членството во НАТО и ЕУ беа и останаа приоритет на сите влади. Секоја партија која претендирала и претендира да дојде и остане на власт се повикува на стратешката цел која сè уште не е постигната, членство со ЕУ, за да обезбеди поддршка од граѓаните. Проблемот со долгото чекање пред вратите на оваа организација се должи на тоа што не секоја влада е подготвена да преземе непопуларни чекори кои би ја чинеле губење на власта.

Заедно со проблемите, растеше и евро-скептицизмот за да се вивне во небеса по потпишување на Преспанската спогодба, Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија и т.н.р. “француски предлог“. Денес, сè повеќе се слушаат гласови за напуштање на европскиот пат во полза на други организации, пред сè економски, кои од нас не бараат да се менуваме. Основниот аргумент на евро-скептиците е дека на суверена држава никој нема право ништо да ѝ наложи.

Во таа смисла, споменатите договори за евро-скептиците се насилнички, предавнички, недостоинствени, загрозувачки за идентитетот на нацијата, а европските политичари се лажливи бирократи, кои многу бараат а ништо не даваат за возврат. Се употребуваат несоодветни споредби на македонската нација со Евреите во тек на Втората светска војна, па се вели дека сме изложени на културен геноцид, дека од нас се бара сами да се откажеме од македонството, од своите македонски корени….Тие што се прикажуваат како прагматични, бараат одлагање на пристапните преговори додека се смени начинот на гласање во ЕУ итн.

Некој ќе праша, како може однапред да се знае што е во најдобар интерес на земјата и дали евро-скептиците не се во право? Колоквијалниот одговор се движи во две насоки. Едни  сметаат дека може да се знае само отпосле, со ризик да се “испушти возот”, додека  други сметаат дека националниот интерес  субјективно се интерпретира од страна на владата. Или национален интерес е тоа што една влада ќе каже дека е.

Владата на Македонија кажа што е национален интерес за земјата. Што поскоро продолжување на преговорите со ЕУ, која заради војната во Украина, е многу заинтересирана за  забрзано проширување со нови членки и јакнење на фронтот на демократски држави наспроти оние со автократски режими. Во тој контекст, Брисел, со методи на убедување а веројатно и со притисок врз двете раскарани држави, Македонија и Бугарија, постигна компромисно решение со т.н.р „француски предлог“. Парламентарната опозиција се закани дека нема да гласа за промена на Уставот, со што ќе ги одложи пристапните преговори и земјата ќе влезе во период на голема неизвесност и многу веројатна политичка криза.

Зошто се противи опозициската партија, со силна поддршка на некои интелектуални кругови? Дали мотивите на нејзиното раководство и активисти се чисто прагматични, да се дојде на власт по секоја цена, или се заробеници на идеологија што со години ја произведуваат и која сега не им дозволува флексибилност?За каква идеологија станува збор, најубаво кажува партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ, под наслов Национална доктрина:  застапување и штитење на македонските државни и национални интереси:

 “ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ, КОЈ ГО ЦРПИ СВОЈОТ ЛЕГИТИМИТЕТ ОД ПОВЕЌЕВЕКОВНИТЕ ТРАДИЦИИ, ПРЕДАНИЈА, ОБИЧАИ, КОЛЕКТИВНА МЕМОРИЈА, МЕНТАЛИТЕТ, ЈАЗИК, АРТИКУЛИРАНА СВЕСТ ЗА ЕТНОКУЛТУРНАТА ПОСЕБНОСТ, КОЛЕКТИВНИОТ ИНТЕГРИТЕТ, ПОЧИТТА КОН ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ РЕЛИГИСКИ ИНСТИТУЦИИ И ОД НАРАТИВОТ ЗА ПРИПАДНОСТА НА ОДРЕДЕН ГЕОГРАФСКИ И ИСТОРИСКИ ПРОСТОР;  

ГРАДЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ КУЛТУРЕН ПРОСТОР БАЗИРАН НА ЕТНИЧКА, ЈАЗИЧНА, ПОЛИТИЧКА ИЛИ ГЕОГРАФСКА ПРИПАДНОСТ КОН МАКЕДОНИЈА, КАКО ОСНОВА ЗА СОВРЕМЕН ЕВРОПСКИ КУЛТУРЕН РАЗВОЈ НА ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ БАЛКАНСКИТЕ  ДРЖАВИ;  

ПОЧИТУВАЊЕ НА СОЗНАНИЈАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ОПШТЕСТВЕНИ, ХУМАНИСТИЧКИ И КУЛТУРОЛОШКИ НАУКИ ВО ВРСКА СО АВТОХТОНОСТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НЕГОВИОТ ИСТОРИСКИ, ЈАЗИЧЕН, КУЛТУРЕН И РЕЛИГИСКИ КОНТИНУИТЕТ”

Во декодирање на оваа доктрина, ќе ни помогне претседателот на МАНУ, проф.Љупчо Коцарев. Неговите убедувања па дури и речениците искажани на јавните настапи се како препишани од доктрината на ВМРО-ДПМНЕ. Или обратно, проф. Коцарев и неговите истомисленици собрани околу МАНУ, ја напишале споменатата доктрина, што Коцарев ја нарекува македонизам.

МАКЕДОНИЗМОТ ПОДРАЗБИРА ДВЕ РАБОТИ. ПРВО, АВТОХТОНОСТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НА НЕГОВИОТ ИСТОРИСКИ, ЈАЗИЧЕН, КУЛТУРЕН И РЕЛИГИСКИ КОНТИНУИТЕТ,  ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, КАКО, ВПРОЧЕМ, И СИТЕ ДРУГИ ЈАЗИЦИ, НЕ САМО СЛОВЕНСКИТЕ, ИМА СВОЈ ПРОСТОРЕН И СВОЈ ВРЕМЕНСКИ, ДА БИДАМ ПРЕЦИЗЕН – МИЛЕНИУМСКИ КОНТИНУИТЕТ. ВТОРО, МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН СУПСТРАТ ГО ПРЕТСТАВУВААТ МАКЕДОНЦИТЕ ШТО ЖИВЕАТ ВО ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА, НО И ОНИЕ ВО СОСЕДСТВОТО (КАКО ДРЖАВЈАНИ НА СОСЕДНИТЕ ЗЕМЈИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ ТУКА И ГРЦИЈА И БУГАРИЈА), КАКО И НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ. ОВИЕ ДВЕ КЛУЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА МАКЕДОНИЗМОТ СЕ ФАКТИ ПРИЗНАЕНИ ОД СВЕТСКАТА НАУКА.( ВАКА РАЗБРАН МАКЕДОНИЗМОТ ПОДРАЗБИРА ДЕКА СИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПИШУВАЊА, ГОВОРИ, РЕЗОЛУЦИИ, ПРОКЛАМАЦИИ ШТО НЕ СЕ КОНЗИСТЕНТНИ СО ДВЕТЕ ОСНОВНИ ПРЕМИСИ НА МАКЕДОНИЗМОТ, А ТАКВИ СЕ, НА ПРИМЕР, И ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО СО БУГАРИЈА И ПРЕСПАНСКАТА СПОГОДБА, ПРЕТСТАВУВААТ ИЗВОР НА СИТЕ НАШИ ВИТАЛНИ ПРОБЛЕМИ И ЗНАЧАТ РАЗНЕБИТУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА.( ЉУПЧО КОЦАРЕВ, ПО ПОВОД 150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ)

Во годишното обраќање до МАНУ, тој емотивно го повикува Св.Илија Громовникот да удри со гром против непријателите на Македонија и да ги растера темните облаци.

ВО ПРЕСРЕТ НА ИЛИНДЕН, НАЈГОЛЕМИОТ НАЦИОНАЛЕН И ДРЖАВЕН ПРАЗНИК ЗА МАКЕДОНЦИТЕ – ПРАЗНИКОТ ШТО ПРЕТСТАВУВА СИМБОЛ НА НЕПОКОРОТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ВЕ ПОВИКУВАМ ЗАЕДНО ДА УПАТИМЕ МОЛИТВА ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗА МАКЕДОНЦИТЕ, А ПРИТОА ДА НЕ ЗАБОРАВИМЕ ДЕКА ЗБОРОТ „МАКЕДОНИЈА“ ПОДРАЗБИРА, ПРВО, ПРОСТОРЕН И МИЛЕНИУМСКИ КОНТИНУИТЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, ИДЕНТИТЕТ И НАРОД И, ВТОРО, МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН СУПСТРАТ ГО СОЧИНУВААТ МАКЕДОНЦИТЕ ШТО ЖИВЕАТ ВО ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА, ВО СОСЕДСТВОТО И НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ”.

Обвинувањата што тој ги искажува звучат фанатично: државата ја нарекува протекторат, поробена земја, вазал, банана-држава, неоколонијален феуд, “геополитичка лабораторија во која меѓународните поголеми ‘играчи’ тестираат свои ‘рецепти’ за стабилизација, соживот и институционална трансформација  при што Македонците ќе станат народ без идентитет и историја…” а политичарите на власт се: предавници, сервилни, лукративни, недостоинствени, дивеат, ја трансформирале државата од слободна во поробенаго суспендирале уставниот и правниот поредок и се слуги на дневнопартиски и геостратегиски интереси.

Постои конзистентност меѓу доктрината на ВМРО-ДПМНЕ и идеологијата на проф.Коцарев и интелектуалниот круг околу него. Тоа е идеологијата на национализмот или македонизмот. Како секоја идеологија, и тука не станува збор за историска или каква било друга научна аргументација, туку за верувања кои ја инспирираат и водат политичката акција на партијата/партиите кои ја застапуваат.

Декодиран, нејзиниот агресивен наратив содржи примордијалност, иредентизам, конзервативност и исклучивост

Иредентизам.  Иредентизмот и примордијализмот на оваа идеологија произлегуваат од убедувањето за милениумска автохтоност на Македонците, кои се директни потомци на  античките Македонци.  Бидејќи тие отсекогаш живееле и живеат на територијата на целокупна Македонија, таа територија е нивна. Нејзината насилна поделба во минатото е трагична неправда која во иднина треба да се исправи. Денес во светот, на идеологијата која тврди дека треба да се совпаднат етничките со државните граници, не се гледа со разбирање, бидејќи доведува до конфликти и војни. Знаејќи го тоа, партијата на националистите и д-р Коцарев пуштија во употреба синтагми како “духовен простор”, “македонски национален супстрат”. Оваа идеологија е во конфликт со политиката на немешање во внатрешните работи на соседните држави и бара, обратно, да се мешаме….

Примордијалниот национализам е опасен и заради тоа што ги подрива и уставните основи на државата.  Зад  звучното тврдење, дека Македонците се автохтон народ со милениумски континуитет, стои грда политика на проблематизирање на државното уредување, произлезено од Охридскиот рамковен договор. Националистите тврдат дека државата им припаѓа на Македонците, како староседелци на оваа територија,  додека оние, што наводно, тука подоцна се населиле,  се граѓани од втор ред. Тие прифаќаат дека Македонија е мултиетничко општество, но не прифаќаат државата да е уредена врз принципот на споделување на власта меѓу граѓаните од различна националност.

Конзервативност. Конзервативноста на оваа идеологија е втемелена во уверувањето дека никој нема право да се меша во работите на една суверена држава и да ѝ налага решенија. Традиционално, конзервативците го издигаат суверенитетот на државата на највисоко место меѓу вредностите на оваа идеологија. Во меѓувреме, во светот и Европа се сменија и суверенитетот, каков што беше познат во минатото, се релативизира, во согласност со самите членки, особено во сојузи како Европската Унија. Меѓутоа, спорот со Бугарија нема врска со суверенитетот, туку е политички, а предлогот за негово решавање е компромис: Бугарија ќе ја признае македонската нација и држава, а Македонија ќе треба да најде заеднички јазик со Бугарија за историјата и да ги внесе потребните измени во Уставот.

Анти-демократски. Уверувањето дека само оние кои се водени од македонизмот ги претставуваат автентичните национални интереси а сите останати се предавници е опасна теза за демократијата, која, по својот карактер е плурална. На пример, кога идеолозите на ВМРО-ДПМНЕ пишуваат дека партијата ќе ги претставува и заштитува  македонските државни и национални интереси, тие мислат на македонизмот односно национализмот, што секако не е единствена идеологија и политичка опција. Смешни се тврдењата, ширени од кругот на МАНУ, дека тезите што ги застапува  македонизмот се научно докажани од македонската и светската наука.

Една партија која дејствува во мултиетнички амбиент, а во својата идеологија декларира дека ќе се грижи за македонската нација, е по дефиниција национална. Дека линијата на дистинкција меѓу национална партија и националистичка е избришана, покажува политиката на ВМРО-ДПМНЕ од независноста до денес во однос на најважните прашања од национална безбедност. Во 2001, ВМРО-ДПМНЕ се противеше до последен момент на донесувањето на Охридскиот рамковен договор (и до денес го проблематизира), со кој се постигна мир и стабилност; не гласаше за Преспанската спогодба, која помогна да се зголеми безбедноста со зачленување на земјата во НАТО и денес е најголем противник на менување на уставот, како услов за продолжување на пристапните преговори со ЕУ.

Сепак постои значајна разлика меѓу политичка партија и интелектуалците. Политичките партии, особено најголемите парламентарни партии имаат барем политичка одговорност за одлуките што се донесуваат, додека интелектуалци како проф. Коцарев и неговите истомисленици се расфрлаат со отровни зборови и ги подгреваат националистичките страсти, без одговорност. Тоа е среќна околност за државата, бидејќи членовите на една политичка партија и нивните првенци, како и пратениците, сепак ќе помислат два пати како ќе гласаат за одлука, од која зависи иднината на земјата. Мирјана Малеска(авторката е универзитетски професор по политички науки)извор: СМК

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....