Гласачите во германскиот град Дизбург кои што се двоумат дали ќе излезат на изборите, се примамуваат кон избирачките кутии во западногерманскиот град со понуда за бесплатно пиво, објави ДПА. Гласачите што го доставиле гласачкото ливче до 14 часот, добиле ваучер за пијалак на штанд за пиво, веднаш до гласачкото место. Околу 80 гласачи се појавиле да ја искористат понудата во првиот час, според репортер на ДПА на лице место. Според властите на градот, локална пивара го поддржува невообичаениот проект. Нудени биле и безалкохолни пијалаци.
И кандидатот Мартин Мурак ја поддржал акцијата, сметајќи ја за привлечна за гласачите, кои не се импресионирани од вообичаените напори да се натераат да излезат на гласање. Тој забележал дека северниот дел од градот имал мала излезност во минатото. На федералните избори во 2021 во Германија, само 63,3 проценти гласаа во Дизбург, а националниот просек беше 76,6 проценти Парламентарните избори во Германија се на 23 февруари.