Историска реализација на буџетот на Општина Битола во 2022 година.Историски висок степен на реализација на буџетот на Општина Битола и капиталните инвестиции беше дел од излагањето на градоначалникот на Битола, д-р Тони Коњановски на регионална средба и трибина на општините од Пелагонискиот плански регион .- Изминатава година напорно работевме на реализација на буџетот на Општина Битола, каде имаме реализација од 72 проценти на капиталните инвестиции, како и повеќе од 80 проценти реализација на Буџетот до крајот на годината. Овие бројки се највисоки за Општина Битола во изминатава декада, а секако изминативе 5 години, кога истите се движеле од 26 до најмногу 57 проценти во изборна година – кажа градоначалникот Коњановски.Одличната работа на Општина Битола резултира со добивање на многу признанија и награди, меѓу кои и Европската ознака за извонредност во управувањето, која се доделува како резултат на високото ниво на усогласеност на општината со 12 начела на Советот на Европа за добро демократско управување.Коњановски најави интензивна работа и наредната 2023 година, каде до овој момент изготвени се 65 проекти кој можат да започнат да се реализираат, со вкупна вредност од околу 1,1 милијарда денари.- Како поважни проекти за наредната година може да ги издвојам изградбата на спортскиот комплекс за кое идејното решение е готово и деновиве ќе го претставиме на јавноста, а врз негова основа ќе се работи и основниот проект. Нареднава година ќе продолжиме со работата на проектот за изградба на објект за противпожарната единица, каде во тек е евалуацијата на пристигнатите решенија за проектот и во текот на идната година ќе започнеме и со неговата реализација – додаде Коњановски.Проекти на чија реализација општината ќе работи во наредната 2023 година се и изградба на заобиколницата кај индустриската улица Бурса, реконструкција на повеќе улици и булевари, изградба на велосипедски патеки, изработка на проектната документација за зоолошката градина и многу други.Регионалната средба на општините од Пелагонискиот регион се одржа во Битола и истата беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.
Најново
Масовни апсења на деца низ Европа: Се раѓа нова генерација терористи, а некои од нив имаат 14 години
Таравари: Не сакаме да бидеме кукли во владата. Кога не можеме да бидеме тоа за што народот не избрал му се враќаме нему
„ПОЛИЦИСКИ ЕКИПИ, УЈП, ДПИ И ОСТАНАТИ ИНСПЕКЦИИ ДЕНЕС ГО ТЕРОРИЗИРААТ КОЧАНИ, НА РАЗГОВОР ПОВИКАН РОДИТЕЛ НА ЖРТВА“: Костовски обвинува
Проф. д-р Крлиу: Нашата заложба е да создадеме граѓани на светот – тоа се гледа во секој наш студент
Крај на деценискиот конфликт? Во историска одлука во Турција, ПКК објави планови за распуштање и разоружување
Шефовите на воените операции на Индија и Пакистан денес ќе разговараат за чекорите по прекинот на огнот
СИТЕ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ЗНААТ КОЛКУ ЗАРАБОТУВААТ НИВНИТЕ КОЛЕГИ: Се воведува нов закон, транспарентноста на платите ќе биде задолжителна
ДАЛИ ЗАТВОРСКА ЌЕЛИЈА Е ИСТО СО ГРОБ, КАКО МОЖЕ НАШАТА БОЛКА ДА ЈА СПОРЕДУВА СО БОЛКАТА НА НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО – сестрата на Фросина го нарече адвокатот на Васо бездушен човек
СЕДНАЛЕ НА ВЕЧЕРА, ПА СЕ ЗБОГАТИЛЕ: Ни криви ни должни од ресторанот излегле со речиси 90 илјади евра
МИЦКОСКИ ЖАЛИ ЗА ОДЛУКАТА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ ДА НЕ СЕ СРЕТНАТ СО НЕГО: Немам проблем јас да заминам и да појдам во Кочани
ЖИВЕЕ ВО СТАН ОД 100 КВАДРАТИ И ВАЖИ ЗА МНОГУ СКРОМЕН ЧОВЕК – кој е таинствениот милијардер од Босна
ДЕМИРОВСКИ: Измеќарите на Дуи. Курто Дудуш и Фатима Османовска Сеат Исмаил , и советниците, нека објаснат чив е објектот затоа ли коалиција со Дуи, да ви ги крие криминалите, …
ВМРО-ДПМНЕ: Скандал, секаде во светот училиштата се користат за учење, а СДС во Струмица ги користи за партиски состаноци
Малолетничка пријавила дека доктор на Клинички ја допирал по телото во тоалет. Ме местат со нејзиниот вереник има камери ќе се види дека лажат
(ФОТО) Чарна Невзати блесна на Мис на светот 2025: На сцената се претстави во впечатлива креација со боите на знамето
(ВИДЕО) Христијан Мицкоски: ДУИ гледа антиалбанска политика во потезите на актуелната власт додека владината коалиција гледа обид за заштита на корумпирани поединци
Христијан Мицкоски: Денеска извршивме увид на градежните активности за изградба на нова детска градинка во населено место Инџиково, Општина Гази Баба
(ФОТО) Шукова: Решенија за чиста животна средина- приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори
Трипуновски: Здружувањето на земјоделците е клучот во решавањето на пласманот и рентабилноста на земјоделските производи
Вчитувам....