На вчерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, гостуваше поранешниот репрезентативец Игор Кралевски, говореше за тоа како од спортска нација, Македонија станала играчка на одредени индивидуалци, кои поради незнаењето го уништувале фудбалот во Македонија.
„Јас мислам повеќе е неразбирањето од страна на претседателот тогашен на ФФМ. Воопшто, нели Сејдини не бил спортист, ниту знае како да го раководи и менаџира тој тим, а сепак за оваа играчка што се вика најскапа, фудбалот е најзаслужно и најдобар човек треба да го менаџира спортот. Да знае како да го менаџира, да ги воспостави работите внатре, темелно“, истакна Кралевски. Тој исто така напомена дека во минатото раководство на ФФМ, ниту имале поддршка од спортските легенди, ниту пак создадоа некаков талент да се гордее државата.
„Во тој период беа оттргнувани, еве вие кажете ми едно спортско име, едно фудбалско име што сте го слушнале на ТВ, а бил во тогашните 7 години во ФФМ. Тоа беа се анонимуси, послушници и едноставно како да беше приватизирана ФФМ на еден човек или можеби, една политичка партија’’, појасни Кралевски. Кралевски заклучи дека новата структура на ФФМ ќе донесе нови успеси на фудбалското поле.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ