Бијонсе Жизел Ноулс (англиски: Beyoncé Giselle Knowles), родена на 4 септември 1981 година, најдобро позната само како Бијонсе, е американска Р&Б пејачка, текстописец, продуцент, глумица и моден творец. Родена и израсната во Хјустон, Тексас, таа била зачленета во различни школи за сценски уметности и уште од мала била изложена на натпревари по пеење и танцување. Ноулс станува славна во доцните ‘90-ти како главен вокал на женската група Дестинис Чајлд.Бијонсе Жизел Ноулс (англиски: Beyoncé Giselle Knowles), родена на 4 септември 1981 година, најдобро позната само како Бијонсе, е американска Р&Б пејачка, текстописец, продуцент, глумица и моден творец. Родена и израсната во Хјустон, Тексас, таа била зачленета во различни школи за сценски уметности и уште од мала била изложена на натпревари по пеење и танцување. Ноулс станува славна во доцните ‘90-ти како главен вокал на женската група Дестинис Чајлд.
За време на паузата на Дестинис Чајлд, Ноулс го издаде својот прв соло албум, Dangerously in Love, во јуни 2003 година. Dangerously in Love ги создаде број-еден хитовите: „Crazy in Love“ и „Baby Boy“. Албумот стана еден од најуспешните албуми таа година. Тој ѝ донесе на Ноулс пет Греми награди во 2004 година и неговиот прием ја докажа нејзината изводливост како соло артист. Растурањето на Дестинис Чајлд во 2005 година го олеснија нејзиниот постојан успех: таа го издаде својот втор соло албум, B’Day, во 2006. Албумот се искачил на првото место на табелата Билборд 200 и од него произлегле сингловите „Irreplaceable“ и „Beautiful Liar“. Нејзиниот трет соло албум, I am… Sasha Fierce, беше издаден во ноември 2008 година и ги вклучува хитовите: „If I Were a Boy”, „Single Ladies (Put a Ring on It)“ и „Halo”. Албумот ѝ донел шест награди на 52. Греми награди, со што го срушила рекордот на најмногу освоени Греми Награди од женски артист за една ноќ.[2][3]
Пишува новинарка Матеја Ристовска, ученичка во Аврам Писевски, 6а