МАКТЕЛ

    

Крајот на неолиберализмот и брзото враќање во минатото: Среќна Нова 1984 во евроазиските степи!

      

Ако сведочиме на конечниот залез на либералниот меѓународен поредок, кои се тогаш алтернативите за уредување на светот во иднина? Можна ли е монархистичка реставрација насекаде, како што посакува рускиот идеолог Дугин? Зошто европските авторитарни лидери од крајната десница гледаат далеку на Исток? Има ли либералниот капитализам вакцина против заканите по демократското уредување на општеството? Пишува: Стојан Синадинов

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на 5. Форум на Евроазија, кој се одржа во ноември минатата година во Будимпешта, го најави „крајот на петвековната доминација на западната цивилизација“, тврдејќи дека центарот на светската економија се пресели на исток и започнува векот на Евроазија.

Прогресивно-либералната доминација на западниот свет заврши. Идејата дека целиот свет треба да биде организиран според западниот модел и дека избраните нации треба да бидат подготвени да го сторат тоа во замена за економски и финансиски придобивки, пропаднагласеше поентата од говорот на Орбан што го пренесе „Раша тудеј“ на српски јазик.

   

Секако дека неговите ставови на ова издание на Евроазискиот форум се како мелем за ушите не само на проруските медиуми во регионот, туку и за објавите на социјалните мрежи кои ја величаат Русија како бедем против нацизмот и сатанизмот (како оваа), кои не ја пропуштија можноста да ги надградат и прошират неговите ставови за крајот на неолиоберализмот каков што светот го познава и најава на некој нов светски поредок.

Светот влегува во постлиберална ера. Сепак, ова постлиберално доба е целосно во спротивност со комунистичките и марксистичките очекувања. Прво, социјалистичкото движење на глобално ниво се задуши, а неговите ограноци, СССР и Кина, ги напуштија ортодоксните форми и до еден или друг степен усвоија либерален моделпишува рускиот идеолог Александар Дугин за „РИА Новости“, а пренесе „Раша тудеј“ на српски јазик.

Дугин натаму тврди дека главната движечка сила одговорна за колапсот на либерализмот биле традиционалните вредности и длабоките цивилизациски идентитети на секоја од нациите посебно.

Човештвото го премавнува либерализмот не преку социјалистичката, материјалистичката и технолошката фаза, туку преку реактивирање на културните слоеви за кои западната модерност сметаше дека се надминати, исчезнати, укинати, односно со предмодерноста која се покажа дека не е уништена, и тоа не преку постмодерноста којашто е целосно изведена од западната модерностИзлегува дека постлиберализмот е сосема поинаков од она што го замислуваше левичарската прогресивна мисла. Постлиберализмот генерално ја става во заграда ерата на западната доминација во модерното време, сметајќи ја само за привремен феномен, фаза во која нема ништо општо и универзалнотврди Дугин.

Долгата рака на Дугин

Според него, „одредена култура, заснована на брутална сила и агресивна употреба на технологијата, постигнала лидерство во планетарни размери во одреден период, обидувајќи се да ги направи своите темели, техники, методи и цели универзални“. За него либерализмот историски е последната форма на планетарен империјализам на Западот, апсорбирајќи ги сите основни принципи на европската модерност и ги доведе до нивните најнови логични заклучоци – родова политика, будење, култура на откажување, критички теории на раси, трансродови луѓе, квадробери, постхуманизам, постмодернизмот… Најавувајќи го крајот на Западот, Дугин истовремено го најавува и новото доба – ера на монархии.

Модерна Русија, иако формално сè уште е либерална демократија, но веќе се потпира на традиционалните вредности, всушност е технички монархија. Националниот водач, неотстранливоста на врховната власт и потпирањето на духовните основи, идентитетот и традицијата се веќе предуслови за монархиската транзиција – не формална, туку токму суштинскапредвидува Дугин.

Тој повлекува паралели и со Кина, во која водачот полека го усвојува царскиот архетип со предуслови да го стекне „статусот на хегелијанска империја на духот“, а ако исламскиот свет се интегрира по формулата на Багдадскиот (Абасидски) Калифат, ете уште една мега-монархија на Истокот. Според Дугин, секакви чуда се можни кога станува збор за постлибералниот свет, па и монархистичко престројување во САД!

Орбановиот „Drang nach Osten“

Веќе пишувавме за визијата на екстремните европски десничарски лидери – меѓу кои е и Орбан – за Европската Унија како „сервис“ или „банкомат“, сведување на улогата на Европската комисија на минимум и претворање на нејзиниот претседател во обичен „функционер“ во служба на земјите-членки. Интересен е моделот на Орбан како „ролмодел“ за профилирање на врските на европските илиберални лидери со Истокот. Како што го дефинираше „Политико“ во портретот насловен „Конзервативниот субверзивец“, иако Орбан е само челник на средноевропска држава со 10 милиони жители и сиромашни природни ресурси, сепак е невозможно да се игнорира со пораката дека рамнодушноста кон ваквите закани не е опција.

Орбанизмот наликува на другите „изми“ кои се вкорениле на рабовите на Европа – во Русија (путинизам) и Турција (ердоганизам). Неговата разновидност е, сигурно, разводнета: не отворено авторитарна, во голема мера во согласност со нормите на ЕУ. Сепак, неговата влада ги кутна невладините организации, независните медиуми и судството на начини на кои Путин и Ердоган би им се восхитувале. Слично како и овие двајца, конфронтацискиот стил на Орбан со противниците, домашни и странски, ја зацврсти неговата популарност дома, пишува „Политико“.

Истовремено, вреди да се акцентира контрадикторниот став на Орбан дека иако Европа постојано осиромашува и не е повеќе меѓу петте водечки земји во светската економија, Стариот континент „не може да се стави во евроазиски контекст, бидејќи во моментов нема европски лидери кои би биле подготвени да ја напуштат идејата за блоковска поделба, да градат односи со азиските земји и да имаат корист од фактот што Европа е дел од Евроазија“.

Па, како ќе изгледаат рамките на посакуваниот светски поредок според Орбан, кој последниве години е фокусиран на Евроазија како геополитички концепт? Зошто на унгарски лидер, кој е отворено или дипломатски прикриено изолиран во ЕУ е во своевидна реализација на унгарскиот „Drang nach Osten“ („Продор на Исток“), кој за разлика од оригиналната германска стратегија од 19. век за експанзија кон словенските земји, е фокусиран на средноазиските несловенски земји? Колку му е важен коридорот кон Исток, посебно последниве години со руската инвазија врз Украина и пореметување на старите транспортни коридори?

Секако дека тука се вмешани економски интереси, иако приватните и јавните интереси често се мешаат. Но, има и димензија на политички систем – барем од 2014 година наваму, Орбан ги гледа овие држави како политички пример. А има и идеолошко-митолошки слој, со кој се портретираат Унгарците како ‘полуазиски народ’, со корени од Централна Азијавели за БИРН, Петер Креко, директор на организацијата Политички капитал од Будимпешта.

На геополитичките аспирации ништо не им фали ако им се додадат малку и „идеологија на корените“, стара еден век, бидејќи „уште од 1910-тите, унгарската политичка и бизнис-елита почнала да истражува начини за да ги зајакне односите со несловенските народи од истокот, често нарекувајќи ги Туранци“, објаснува Золтан Егереси, експерт за Турција и за Централна Азија од Универзитетот за јавни услуги.

Туранизмот, идеологијата што промовира заедничко потекло и културни врски меѓу унгарскиот и централноазиските народи, беше избришана од политичката агенда за време на комунизмот, но десничарските традиционалисти ја разбудија по демократската транзиција. Некои елементи во општеството, исто така, почнаа да ја отфрлаат општоприфатената теорија стара 200 години дека унгарскиот јазик, кој е редок јазик и нема индоевропско потекло, е дел од угро-финската група јазици, па сметаат дека тој ѝ припаѓа на туркиската група јазиципишува во анализата на БИРН.

До поразот на неолиберализмот и после него

Оваа визија, прогласувајќи го неолиберализмот за мртов, веќе почнува да наликува на светот како во прочуениот дистописки роман „1984“ на Џорџ Орвел, уреден во три глобални блока – Евроазија (Европа плус Русија), Океанија (Западна Европа плус САД) и Истазија (Кина, Индија, Пакистан…). И додека Орвеловата фикција со право беше читана како учебник за анализа на тоталитарните општества од средината и втората половина на минатиот век – со сталинизмот во Советскиот Сојуз како директна инспирација – со право се поставува прашањето дали тоа четиво треба да ни биде при рака и во иднина, посебно онаа каква што ја замислуваат споменатите крајнодесничарски конзервативци? Иако либерализмот ликуваше во триумфот по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година, прогласувајќи ги либералната демократија и капиталистичкиот слободен пазар како единствебно можни опции за напредок на човештвото – сумирано во општопознатата максима на Френсис Фукујама за „Крајот на историјата и последниот човек“ – токму критичките мислители од Западот изминативе години беа најгласни во предупредувањата дека либералниот интернационален поредок се соочува со најголемите опасности.

Неолибералниот експеримент – намалување на даноците за богатите, дерегулација на пазарот на труд и производи, финансијализација и глобализација – се покажа како спектакуларен неуспех. Растот е помал отколку што беше во текот на две и пол децении по Втората светска војна, а неговите најголеми придобивки се концентрирани на самиот врв на скалата на приходите. По децении стагнација, па дури и намалени приходи за сите останати, неолиберализмот мора да биде прогласен за мртов и закопанпишува Нобеловецот за економија Џозеф Стиглиц во 2019.

Стиглиц како следбеник на неокејнзијанската економска политика пред 6 години предвидуваше дека најмалку три политички алтернативи ќе го заземат местото на неолиберализмот: екстремно десничарскиот национализам, централно-левичарските реформисти и прогресивна левица, а десниот центар, кој е носител на неолибералниот неуспех, е во исчезнување. Анализирајќи ги овие модели за можното уредување на светот во иднина, Стиглиц тврди дека со исклучок на прогресивната левица, овие алтернативи остануваат опседнати со форми на неолиберална идеологија чиј рок на употреба истекол.

Прогресивниот капитализам не е оксиморон. Тоа е најпристапната и најживата алтернатива на неолибералната идеологија која очигледно пропадна. Тој е нашата најдобра шанса да се излечиме од политичките и економските проблеми од кои моментално страдамепишува Стиглиц.

Аналитичарот Кенан Малик во неговиот есеј за тоа што би следело по крахот на неолиберализмот, пишува дека историјата на либералниот меѓународен поредок е обележана со испреплетувањето на економијата и геополитиката.

На двете патеки, желбата за стабилен поредок имаше предност пред верувањето во „либерализмот“. Економската цел беше да се направи светот безбедно место за глобалните слободни пазари, не со спроведување на laissez-faire политики, туку, како што истакнува историчарот Квин Слободијан, со „градење институции… со кои капитализмот ќе вакцинира против заканите по демократијата“ и воспоставување „правила што ги дефинираат наднационалните тела надвор од дофатот на кој било електорат“. Станува збор за проект на неолиберализмот, роден во 1930-тите, преку делата на економисти како Фридрих Хајек и Лудвиг фон Мизес, кои дојдоа до израз во периодот по Студената војна преку институциите и механизмите на либералниот меѓународен поредок, пишува Малик.

Анализирајќи го успехот на личности како Доналд Трамп, кои со нивните антиглобалистички ставови инспирирале многумина да го прослават „крајот на неолиберализмот“, Малик потсетува дека многу од оние кои профитирале од неолибералниот поредок остануваат во срцето на проектот Трамп:

Не само „техно браќата“ како Илон Маск. Триумфалистичкиот глобализам од ерата по Студената војна можеби повеќе не постои, но многу компоненти на неолиберализмот денес се прекршени низ објективот на засилениот национализам.

Многумина илиберални протагонисти со двете раце ќе посегнат по книгата на германскиот филозоф Освалд Шпенглер, позајмувајќи го нејзиниот толку примамлив наслов „Залезот на Западот“. Меѓутоа, токму ова веќе класично дело на политичката филозофија, кое се појавило веднаш по крајот на Првата светска војна, ја заговара теоријата за цикличните истории на одделни народи, наместо една и единствена праволиниска историја на човештвото којашто започнала со христијанските историчари, а кулминирала со Карл Маркс и Фридрих Хегел. Политичкиот аналитичар Петар Крастев, анализирајќи ги можните разврски во светот по второто доаѓање на Трамп на власт, го цитира ставот на Џорџ Орвел: „За да видиме што е точно под нашиот нос, потребна е постојана борба“.

За да го сфатиме предизвикот на новото, дури и кога фактот за доаѓањето на новото е непобитен, значи дека тоа може да биде шок за либералната чувствителност колку малку солзи ќе пролеат поради истекот на стариот поредок. Спротивно на она што изгледаше како вистинска реакција во 2016 година, задачата на противниците на Трамп денес не е да се спротивстават на политичката промена што тој ја воведе, туку да ја прифатат – и да го искористат овој момент за да формираат нова коалиција за подобро општествопишува Крастев.

 

 

  

Најново

Министерство за внатрешни работи, Тошковски на одбележување 44 години САЕ Тигар: Елитна единица која е врв во професионализам, стручност и обученост

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице од кичевско поради управување возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска од Министерски состанок во Подгорица – Фрапантните податоци од употребата на тутунот бараат итни мерки, трошоците годишно достигнуваат до 38 милијарди денари

Sase Ivanovski

Општина Чаир го доби максималниот грант од УНДП за подобрување на енергетската инфраструктура во училиштата

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова на 12. Глобален форум во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

Sase Ivanovski

Тесла изгуби 127 милијарди долари за еден ден бидејќи кинеска автомобилска група го доведува во прашање стремежот на Маск за „лична слава“

Sase Ivanovski

Германска шпионска агенција заклучила дека вирусот КОВИД најверојатно протекол од лабораторија

Sase Ivanovski

(ВИЕО) Прес-конференција на советничката група на СДСМ и Коалицијата

Sase Ivanovski

Човек чија ќерка починала од сипаници, а не била вакцинирана: „Во вакцинирањето има работи на кои не им веруваме“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДС ќе го погледне својот двор и ќе остави надлежните да се грижат за граѓаните

Sase Ivanovski

Активацијата на резервните сили во ЕУФОР во БиХ е политичка порака

Sase Ivanovski

СДСМ, Костова: Додека за народот стана луксуз да јаде леб и сирење, власта најбезобразно вели дека нема пари за поголеми плати

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошовски: Меѓународна сертификација на Центарот за обука на МВР, градиме модерна, професионална и обучена полиција

Sase Ivanovski

За две години, 8,5 милиони евра од наш џеб за службени возила на функционерите

Sase Ivanovski

Таравари потпиша меморандум со Словачка: Новата ера на телемедицина и е-здравство во Северна Македонија

Sase Ivanovski

Студентите порачаа: Србија се разбуди, 15-ти март не е крај на протестите!

Sase Ivanovski

Рубио: Примирјето во Украина е можно во рок од неколку дена доколку Москва се согласи

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Угостителите да ги почитуваат прописите за урбана опрема, гласна музика и одлагање на сметот, во спротивно следат санкции

Sase Ivanovski

Идниот премиер на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, ги отфрла идеите на Трамп за американско преземање на островот

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Примопредавање на должност командант на Командата за обука и доктрини

Sase Ivanovski

Ученици на Албион беа гости на настанот посветен нарускиот празник Масленица со кој се испраќа зимата и дочекува пролетта во организација на ФФ „Блаже Конески“ – Скопје и Рускот центар во Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев во која Филипче бил министер за здравство, само во една набавка на канцероген мазут во висина од 22 милиони евра, помогнала со 15 милиони евра народни пари!

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Започнуваме акција за отстранување на хаварисаните и возила без регистарски таблички!

Sase Ivanovski

(ФОТО) МВР продолжува со борбата против недозволената трговија со дрога и оружје, претреси на територија на цела држава, приведени повеќе лица

Sase Ivanovski

Собранието на Република Српска донесе одлука за пристапување кон носење нов Устав

Sase Ivanovski

Вистината за Еуростандард банка е една и единствена – убиство со умисла

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Јаневски: И покрај рекордните суми доделени на ЈСП, претпријатието е доведено во ситуација да не може да се испочитува ниту возниот ред

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Богданка Кузеска: ДПМНЕ да одговори за Пуцко Петрол, како повторно кога е некој од ДУИ нема притвор?

Sase Ivanovski

Балкански центар за конструктивни политики „Солуција“ – Скопје: Никола Димитров со силни пораки за проширувањето од Лидерскиот состанок во Подгорица

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Реформската агенда е можност за трансформација на приватниот сектор“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Богданка Кузеска, Тендерските мрежи на ДПМНЕ се шират: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Има голема заинтересираност за вториот повик од унгарските пари за капитални проекти во општините, над 300 апликации се пристигнати

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Славески: Најголем проблем за брз автобуски превоз е трасата по Партизанска со што се доведува во опасност водоснабдувањето

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Во тек е јавниот повик за доделување 10 илјади денари субвенција на младите центарци за полагање возачки испит

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски: Образованието е наш фокус, во моментот се градат 7 училишта, а ќе направиме реевалуација на проектите за изградбата на зградите на ФИНКИ и ФФК

Sase Ivanovski

Награди за е-трговија: Ова се најдобрите за 2024 година!

Sase Ivanovski

Никотинските ќесички не се „снус“: производ без тутун како алтернатива за возрасни пушачи

Sase Ivanovski

Мицкоски: Последниот браник и штит на криминалот на поранешната Влада на СДСМ и ДУИ се дел од сегашните судии и обвинители

Sase Ivanovski

Tаткото на убиената Вања плачеше и се тресеше, додека Манев раскажуваше како ја грабнале и убиле неговата ќерка

Sase Ivanovski

ДКСК оформи предмет за утврдување дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Додик за налогот за апсење: Овде пишува дека не бараат, како да сме Ал Каеда

Sase Ivanovski

“Уставен суд на Република Северна Македонија”: Институтот „интерпелација” не важи за уставни судии, тоа е упад во самостојноста и независноста на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на девет години затвор поради проневера

Sase Ivanovski

Средба на директорот на Царина со висока делегација од Корејска Царина: одличен прогрес на системот за управување со ризици и податочен склад со грант од Кореја

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Мицкоски: Сертификацијата на Центарот за обуки значи потврда за напорната работа и остварување на визијата за полицискиот и образовниот систем

Sase Ivanovski

Топ Тема – Раздорот меѓу двете најголеми сидникални организации за минималната плата

Sase Ivanovski

Како Hyundai стана третиот најголем производител на автомобили во светот…

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претреси на подрачје на СВР Струмица, пронајдена дрога, приведени дилери

Sase Ivanovski

Во текот на вчерашниот ден констатирани 706 сообраќајни прекршоци 

Sase Ivanovski

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата, наскоро ќе се стави крај на вакви случаи

Sase Ivanovski

Размена на искуства и предизвици на патот кон ЕУ во фокусот на средбата на МЕП Муртезани со турските експерти

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС во правосудството ги штитат луѓето на ДУИ и синиот на пратеникот Јахоски заврши само во домашен притвор за криминал тежок 167 милиони евра

Sase Ivanovski

Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

Sase Ivanovski

Мицкоски: Правата на Македонците во Бугарија не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на 12. Глобален форум во Баку: ОН се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни

Sase Ivanovski

Герасимовски: На барање на граѓаните, зголемен бројот на локации за собирање кабаст отпад од 15 до 20 март

Sase Ivanovski

Собранието на Република Српска за новиот устав: Од војска до самоопределување

Sase Ivanovski

Претрес во тетовско, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

СДСМ: За овие 9 месеци, ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Sase Ivanovski

Трговска војна: Трамп се закани со царини од 200 отсто за пијалоците од земјите од ЕУ

Sase Ivanovski

Костовски: Премиерот Мицкоски направи голем потег со проектот за финансирање на општините од страна на Владата

Sase Ivanovski

Кремљ: Предложениот прекин на огнот ќе биде само одмор за украинската војска, и е неприфатливо за Москва

Sase Ivanovski

Јаревски: Членовите на Судски совет доблесно e да се повлечат, ако за нешто имаме консензус тоа е дека ако некој згрешил треба да одговара

Sase Ivanovski

Мисајловски: Сега сме еднакви во НАТО, но не смееме да заборавиме дека како држава дадовме многу

Sase Ivanovski

Претрес во струшко, пронајдени оружје и муниција

Sase Ivanovski

Грипот зеде уште еден живот – минатата недела нови 2.347 заболени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов продолжува да делува како партиски портпарол на СДС и да одработува за нивни интереси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дутерте ја презема целосната одговорност за крвавата војна против дрогата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ обединети со нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра

Sase Ivanovski

Доживотен затвор доби Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Sase Ivanovski

СДСМ: Доказите се кристално јасни, ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Фани-Сорос е гласноговорник на режимот што 7 години пустошеше низ Македонија

Sase Ivanovski

Меџити: Истрагата за скандалот со штетниот мазут ќе оди до крај!

Sase Ivanovski

ПАЛЧО ИМАЛ СПИСОК НА ЛИЦА ЗА КИДНАПИРАЊЕ: На неа се нашле имотни лица

Sase Ivanovski

Ќе се унапредува процедурата за центрите за жртви на сексуално насилство

Sase Ivanovski

И купувањето половни возила станува луксуз во Македонија, државата „глоби“ и од поевтините и од поскапите

Sase Ivanovski

ЈАС СЕ СОГЛАСУВАМ СО ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ: Се додека не се направи реформа на судството ќе се замајуваме со политички решенија, вели Најчевска

Sase Ivanovski

АДВОКАТОТ ЈАНАКИ ЗА ДАМЕВА: Немам ништо лично против неа, но се работи за класична партиска инсталација

Sase Ivanovski

ТАТКОТО НА ЈАХОСКИ СЕ ПОВИКУВАЛ НА ПРАТЕНИЧКИ ИМУНИТЕТ И НЕ ОТВАРАЛ НА ПОЛИЦИЈАТА: Прв се обидел да дојде до документи и електронски уреди кои би се поврзале со спорните набавки

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ ЈА ПРАШУВАЛ ВАЊА КОЛКУ СТАНОВИ ИМААТ: Таа му рекла од таткото да не бараат пари, туку од нејзината мајка која душата ќе ја даде за нив

Sase Ivanovski
Вчитувам....