Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека предложениот прекин на огнот меѓу Украина и Русија ќе биде само привремен одмор за украинската војска. Ушаков во телевизиско интервју рече дека разговарал со американскиот советник за национална безбедност Мајк Валц во средата и ја изложил позицијата на Русија за предлогот за прекин на огнот за кој оваа недела разговараа Украина и САД.
„Го изразив нашиот став дека ова не е ништо повеќе од привремен одмор за украинската армија, ништо повеќе“, рече Ушаков, додавајќи дека Русија бара долгорочно решение кое ќе ги земе предвид нејзините интереси и грижи. „Ми се чини дека никому не му требаат чекори кои (само) имитираат мировни потези во оваа ситуација“, рече тој. Се чини дека коментарите на Ушаков укажуваат на тоа дека 30-дневниот прекин на огнот, предложен од САД и прифатен начелно од Украина, е неприфатлив за Москва во неговата сегашна форма, пишува Ројтерс.