Општина Крива Паланка со гордост го најавува почетокот на „Кривопаланечко културно лето“ 2025, опсежна културна програма со над 60 настани и содржини наменети за сите генерации. Овогодишната програма има за цел да ја плени публиката од целата држава и поширокиот регион, дополнително поттикнувајќи го културниот туризам во градот. Програмата официјално започнува на 19 јуни со атрактивното стенд-ап шоу на неповторливиот Сашко Коцев, кое ќе се одржи во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка.
Кривопаланечката летна културна програма нуди атрактивни содржини за сите генерации: концерти, изложби, литература, уметност, џез, поп-рок музика, фолклор, гастрономија, понуда, за која ќе се бара место повеќе за присуство и ќе приреди незаборавно уживање за публиката од државата и регионот.
• Свечено отворање: 19 јуни со стенд-ап шоуто на Сашко Коцев
• Над 60 настани: Разновидна програма за сите возрасти и интереси
• Поттикнување на културниот туризам: Се очекува да привлече посетители од регионот и пошироко
• Традиционални фаворити: Меѓународни фолклорни фестивали, ликовни колонии и фестивал на храна
• Забава за семејства: Специјални настани за најмладата публика
• Џојфест финале: 30 август, со спектакиуларен музички фестивал за крај на летотo