Општина Крива Паланка со гордост го најавува почетокот на „Кривопаланечко културно лето“ 2025, опсежна културна програма со над 60 настани и содржини наменети за сите генерации. Овогодишната програма има за цел да ја плени публиката од целата држава и поширокиот регион, дополнително поттикнувајќи го културниот туризам во градот.
Програмата официјално започнува на 19 јуни со атрактивното стенд-ап шоу на неповторливиот Сашко Коцев, кое ќе се одржи во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка.Кривопаланечката летна културна програма нуди атрактивни содржини за сите генерации: концерти, изложби, литература, уметност, џез, поп-рок музика, фолклор, гастрономија, понуда, за која ќе се бара место повеќе за присуство и ќе приреди незаборавно уживање за публиката од државата и регионот.
- Свечено отворање: 19 јуни со стенд-ап шоуто на Сашко Коцев
- Над 60 настани: Разновидна програма за сите возрасти и интереси
- Поттикнување на културниот туризам: Се очекува да привлече посетители од регионот и пошироко
- Традиционални фаворити: Меѓународни фолклорни фестивали, ликовни колонии и фестивал на храна
- Забава за семејства: Специјални настани за најмладата публика
- Џојфест финале: 30 август, со спектакиуларен музички фестивал за крај на летотo
По успешната и одлична културно-туристичка промоција на градот за време на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата за 2024“, кога беа реализирани над 150 настани што привлекоа огромен број посетители и туристи во градот, и оваа година летната културна програма е креирана со атрактивни содржини за сограѓаните од сите генерации, но и со цел да се поттикне културниот туризам во градот.„Кривопаланечко културно лето“ и оваа година ги интегрира традиционалните манифестации:
- Детски фолкорен фестивал „Паланачка тројка” во јули
- „Вечер на Осоговски песни” во јули
- 39-то издание на реномираната Меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски”
- Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Јоаким Осоговски”, од 25 до 27 август
- Тридневен фестивал на занаети и ракотворби „Шопско село“, што ќе се одржи на градскиот плоштад
- Музички концерт и „Фестивал на храна“ на 29 август, што ќе понуди одлична можност за дегустација на вкусни традиционалнa македонскa кујна, автентични за кривопаланечкото поднебје
Во соработка со институциите од областа на културата, ЛУ Градски музеј и НУ Центар за култура, подготвена е програма со над 60 настани:
- Концерти
- Изложби
- Литература
- Уметност
- Џез, поп-рок музика
- Фолклор
- Фестивал на традиционална храна
- Богата забавна детска програма со атрактивни артисти, жонглери, кловнови, пантомимичари, како и детски претстави на отворената летна сцена во градскиот парк и плоштад
Програмата завршува на 30 август со препознатливиот музички фестивал „Џојфест”. Од општината упатуваат покана до сите љубители на добрата музика, уметност и секако, на добра храна, чист воздух и убава природа, по што е позната Крива Паланка, да бидат гости на градот ова лето. Ве очекуваме во Крива Паланка, една од најеколошки-чистите и најуредените општини во државата.