Полициски скужбеници од повеќе сектори за внатрешни работи во текот на викендов исклучувајќи ги од сообраќај од слобода лишија шестмина возачи, а сите по основ на сторено кривично дело по член 297 а – „безобѕирно управување со моторно возило“ од КЗ на РСМ.
Така денеска (15.06.) полициски службеници од ОВР Прилеп на улицата „Пеце Котески“ во Прилеп го лишиле од слобода М.С.од Скопје, кој што управувал товарно моторно возило „Ивеко“, и при контрола во патниот сообраќај, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1.90 промили алкохол во крвта. Во Штип, пак, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Д.К.(37) од село Шлегово, кратовско, поради тоа што на улицата „Борис Кидриќ“ при контрола констатирано е дека тој управувал патничко возило „Алфа ромео“ со кратовски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно со 1.52 промили алкохол.

Исто така денеска во 01,55 часот во ПС Кичево пријавена е сообраќајна незгода на локалниот пат село Вранештица – село Староец, кичевско, во којашто учествувале ПМВ „Фиат“ управувано од А.Ј (41) од Кичево и ПМВ „Мицубиши“ управувано од М.Ц. (33) од Кичево. При извршено алкотестирање на возачот М.Ц. утврдено е дека тој имал 1,72 промили алкохол во крвта. И тој по насоки на надлежен ЈО од ОЈО е лишено од слобода.
Вчера, пак ( 14.06.) во 19.30 часот на регионален пат Желино – Јегуновце во село Прељубиште, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.М.(58) од село Жилче, тетовско. Тој управувал со патничко моторно возило „Ланчија” со тетовски регистерски ознаки и излетал надвор од коловозот, а полициските службеници констатирале дека управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.24 промили алкохол во крвта. Завчера (13.06.) во 23.25 часот полициски службеници од ОВР Гевгелија по наредба на Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија го лишиле од слобода П.П.(30) од село Миравци, гевгелиско кој што истиот ден на булеварот „Гевгелија“ во Гевгелија управувајќи моторно возило под дејство на алкохол од 2.01 промили, предизвикал сообраќајна незгода, а дополнително била предизвикана материјална штета и на две паркирани моторни возила.
Инаку вчера во 14.20 часот на автопат Скопје – Тетово во близина на бензинска пумпа полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Н.В. (31) од Куманово. При сообраќајната контрола полициските службеници констатирале дека Н.В. управувал патничко возило “БМВ” со кумановски регистерски ознаки со брзина од 175 километри на час на место каде што максимална дозволена брзина е 80 километри на час.