Крис Павловски на социјалната мрежа „Х“ објави дека пристигнал во Македонија. Тој напиша дека пристигнал во земјата на Александар Велики. Kрис Павловски е милијардер роден и живее во САД а неговите претци се од Македонија. Тој во Македонија има од поодамна свој бизнис.  Во времето на Груевски ја посетуваше,и беше дел од тркалезни маси за стратегии за развој на економијата..
Тој е дел на луѓето околу Трамп и на неговата инаугурација му беше домаќин на премиерот Мицковски но од најавите дека Мицковски ке биде единствениот државник од Европа кој ќе биде официјално поканет на инаугурацијата во Вашингтон сепак успеа на македонскиот премиер да му обезбеди само место на трибините на Капитол арената во која фанови на Трамп купиле карти и ја гледаа инаугурацијата од видео бимови во арената.
Македонската влада се пофали дека бизнисменот Павловски им е многу близок и премиерот се надева и очекува тој да насочува бизнисмени од Америка да инвестираат во Македонија. До сега ништо од тоа ,но можеби овој престој на Крис Павловски ќе е за нешто конкретно во бизнисот а најавата дека стапнал на тлото на земјата на Александар Велики е само духовит статус на милијардерот. Во коментари на неговата објава некој напишал дека треба да го побараат гробот на Александар, на што Павловски одговори дека ќе го најдат.

Крис Павловски инаку во Македонија треба да оствари средби со претставници на Владата.