Седумнаесетгодишниот Ла Баџу бил убиен од крокодил додека ловел риба во реката Калелеха, во Индонезија. Спасувачката екипа пристигнала на местото на нападот околу 20 часот откако била информирана од локалното население. Портпаролот на полицијата, Ипту Тамрин, изјавил дека на терен имало околу 100 луѓе, вклучувајќи полицајци и селани од селата Поароха и Терапунг. Крокодилот бил лоциран на 50 метри од мостот со телото на младиот човек во неговите вилици.
Спасувачите и локалното население успеале да го фатат животното со мрежа и да го извлечат телото на тинејџерот . Ла Баје имал тешки повреди под пазувите, скршена десна рака, отсечена лева рака и скинат струк. Неговото тело било предадено на семејството. Портпаролот на полицијата во Муна, Ипда Бахарудин, апелираше до локалното население да биде повнимателно и привремено да ја избегнува реката од безбедносни причини.
Индонезија бележи најголем број напади од крокодили во светот. Според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN), во последната деценија се регистрирани најмалку 1.000 инциденти, од кои повеќе од 450 биле фатални – а се верува дека многу повеќе не се пријавени.