Независниот советник во Општина Кочани Венко Крстевски обезбедил мнозинство во Советот за да биде избран за вршител на должноста градоначалник на градот, објавија повеќе медиуми повикувајќи се на неофицијални извори. Но, тој за „Слободен печат“ вели дека владата на утрешна седница ќе одлучи дали новиот градоначалник на Кочани ќе се бира на избори или пак ќе се бира вршител на должност до изборите.
-За веста дознав од медиумите, нема ништо официјално. Утре има седница на Влада и од таму треба да кажат прво дали ќе има избори или градоначалникот ќе се бира од редот на советниците, рече за „Слободен печат“
Крстевски 8 години е советник во Општина Кочани и честопати се фокусира на проблемите со локалната инфраструктура, депонијата, нерегулираниот сообраќаен хаос, водоводната и канализациската мрежа, но и поддршката за спортот. По трагедијата во дискотеката „Пулс“ Љупчо Папазов, досегашниот градоначалник поднесе оставка.