Почитувани,
По една година власт на ВМРО-ДПМНЕ и министерувањето на Сања Божиновска во новоформираното Министерство за енергетика, можеме јасно да заклучиме: 0 резултати, 0 реформи, 0 проекти.
Гледаме е целосен распад на енергетскиот систем, поради неспособноста на Божиновска.ЕСМ како најголем производител на електрична енергија потфрли за цели 35% од планираното производство за 2025 година. Официјалното објаснување е дека планот бил „преамбициозен“, што само го потврдува погрешното управување со секторот.
За првпат во последниве 35 години, РЕК Битола не работеше повеќе од седум дена. Во истиот период, РЕК Осломеј од 8 јуни до денес не е вратен на мрежа.
Во рудникот Суводол се случи сериозна хаварија – лизгање на јаловинскиот систем, што го загрозува производството и безбедноста на работниците.
ТЕЦ Осломеј не се користи за производство, туку за партиски вработувања – на луѓе ставани на списоци преку социјални мрежи.
Енергетска зависност денеска е повисока од кога било досега.
Во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија увезе повеќе струја отколку во трите години претходно заедно.
Новото раководство на ЕСМ потроши 1 милијарда денари повеќе, а трошоците на претпријатието се зголемени за дополнителни 400 милиони денари.
Тоа значи поскапа струја која на крајот ја плаќаа граѓаните од својот џеб.
Во време кога хидроакумулациите треба да се на максимум, нивото на водостоите е на биолошки минимум, што директно го загрозува производството во зимските месеци – тогаш кога струјата е најскапа.Од партиската програма „1198“, каде беа најавени нови капацитети и енергетски реформи, не е реализирано ништо. Граѓаните чекаат одговори, а добиваат само видеа и изјави за „посветеност“.Помпезно најавената инвестиција од 500 милиони евра за ветерници заврши како ливада за пасење овци. Нема ниту проект, ниту почеток, ниту локација.
Програмите за енергетска ефикасност – укинати целосно за 2025 година. Во 2023 и 2024 година беа издвоени 325 милиони денари, сега – нула.
Додека министерката се слика по постројки и објавува промотивни видеа, граѓаните плаќаат поскапа струја, а системот се распаѓа.
Дали министерката има склучено договор за правни консултации со познат адвокат близок до ВМРО-ДПМНЕ? И која е неговата улога, советничка или посредничка?
Се поставува прашањето дали одредени соработки со адвокати укажуваат на постоење коруптивна мрежа во министерството која води директно до министерката?
Очекуваме одговори а за ова повеќе информации ќе изнесеме во следниот период.
Почитувани,
Министерката Сања Божиновска не е само најслабиот министер во Владата на Мицкоски. Таа е и симболот за енергетскиот хаос што го живеат и скапо го плаќаат граѓаните.
Со Божиновска и оваа власт, Македонија е понижена, осиромашена и без енергетска иднина.