Настаните во рамки на манифестацијата ќе се одржуваат секоја вечер со почеток од 20:30 часот, на две локации – платото пред салата „Расадник“ и кај Крстот во Драчево. Програмата е внимателно креирана за да понуди богата и разновидна содржина, со која ќе бидат опфатени различни генерации и музички вкусови.
Посетителите ќе имаат можност да уживаат во забавни диџеј сетови, концерти на познати македонски имиња, како и традиционални народни изведби, кои ја негуваат културната автентичност на нашето поднебје. Дополнително, е предвидена и специјална детска програма.Оваа манифестација има за цел не само да го одбележи значајниот јубилеј на Општина Кисела Вода, туку и да понуди квалитетна, инклузивна и достапна културно-забавна понуда за сите граѓани и гости.