Педесет и едногодишник од Куманово завршил во болница со тешки телесни повреди откако бил нападнат од сограѓанин. – На 25.04.2025 во 04.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.Т.(27) од Куманово затоа што физички го нападнал З.М.(51) во неговата куќа и му нанел тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи. Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
View this post on Instagram