Четириесетгодишник во кумановско викендов бил запрен од сообраќајната полиција при што му била изречена казна за возење без возачка дозвола, но тогаш сфатиле дека тој се бара за издржување затворска казна. – На 04.04.2025 околу 18 часот на автопатот ГП Табановце-Куманово полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода А.Ш.(40) од Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, при контрола на патничко возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(40) од Скопје, било утврдено дека лицето не поседува возачка дозвола при што се превземени соодветни мерки за сообраќајниот прекршок согласно ЗБСП. – При дополнителна проверка утврдено е дека А.Ш. бил баран со наредба од Основен суд Скопје 1 за спроведување до КПУ Затвор Скопје поради изречена казна затвор по член 297 став З од КЗ, додаваат од МВР. Лицето, како што стои во соопштението, ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
View this post on Instagram