МАКТЕЛ

    

Куновска: СДСМ оди по пат од кој нема враќање, а тоа не е добро не само за СДСМ, туку пред се за државата

      

Немам конкретни информации, но од страна гледано изгледа дека целата ситуација е резултат на раслојување, апатија и револт од потенцијални партиски пазарења со кои поединци ќе си го продолжат партискиот живот на вискоки позиции, не водејќи сметка за тоа дека местото за опозициско делување нема да остане долго непополнето. Ако не е СДСМ силна опозиција, ќе биде некој друг, вака во разговор за „Локално“ вели поранешната пратеничка во Собранието и поранешен советник во Советот на Град Скопје, Софија Куновска за случувањата околу Конгресот во довчерашната владеачка партија. Според неа, актуелната пратеничка група на СДСМ не може да се спротистави жестоко доколку новата власт не ги исполнува ветувањата или пак продолжи по истите патеки како властите во последниве петнаесетина години. Куновска оценува дека истите пратеници кои беа казнети на последните избори не можат да бидат нов квалитет, нова надеж или ново лице на СДСМ.

-Ако не можеа да бидат од полза за граѓаните од позиција на власт, од опозиција уште помалку. СДСМ може да заздравува и да го врати сонот за победнички патеки само со енергични, бистри и искрени луѓе неоптоварени од клиентелизам и дамки од минатото, децидна е соговорничката. За кандидатите за лидери на партијата и дали може да се споредат со „тешкашите“ во СДСМ и поранешни шефови како Бранко Црвенковски, Владо Бучковски и Радмила Шекеринска, Куновска посочува дека нема намера некого да глорифицира ниту пак да омаловажува.

   

-Фактите се немилосрдни и сведочат за следното: Во 2013 откако СДСМ загуби на локалните избори, новодојдениот претседател Зоран Заев и заменичката Шекеринска ги исчистија соработниците на претходниот претседател и пред органите на партијата побараа доверба за нивниот нов тим. Ја добија. Скандалозно беше дека имаше потпретседател на СДСМ од поранешната МААК на пример, но сепак тимот доби доберба. Кога пак Заев дојде на чело на владата во својот тим интегрираше поранешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ (Ден Дончев) инаку свој роднина, потписници на ВМРО-вските списоци на професорски контрапленум и блиски соработници на Груевски како Рашковски, Филипче кој беше и советник на тогашниот министер за здравство од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров итн, објаснува поранешната пратеничка од редовите на СДСМ. По наводното, поточно лажното заминување од челната позиција на СДСМ и владата по поразот на локалните избори во 2021 година, тврди Куновска, Заев инсталираше свое решение за прв човек и на партијата и на владата.

-Двојните стандарди кога доаѓа и заминува Заев се повеќе од очигледни. Едно правило важи кога Заев доаѓа, а друго кога Заев заминува. Денес, после катастрофалниот пораз на претседателските и парламентарните избори повторно влијае на изборот за наследник на Ковачевски иако демократската јавност бара дисконтинуитет од неспособноста на од него избрани и назначени кадри, да испорачаат адекватни политики и вистински општествени реформи, анализира соговорничката. Според неа, на внатрепартиските избори на 30-ти јуни ќе се прави избор на кој еден губитник треба да се замени со друг губитник. Тврди дека тоа е повторно во режија на Заев и оттаму смета дека внатрепартиските избори треба да се одложат на неодредено време.

-Конгресот треба да донесе одлука за преодно техничко раководство кое ќе носи вонредни одлуки за внатрешни реформи кои ќе обезбедат минимум гаранции дека СДСМ има внатрешен потенцијал да се промени на подобро. Во спротивно, треба да бидеме искрени, следи исчезнување на можноста моќен СДСМ со габарит за враќање на власт воопшто да постои на политичката сцена. Тоа е реалноста му се допаѓала таа некому или не, ни рече Куновска.

За тоа дали некој од кандидатите за претседател можат да ја кренат партијата на нозе, поранешната советничка во Град Скопје наведува дека процесот на заздравување на СДСМ бара комбинација од авторитет, кадарност, знаење, искуство и чесност.

-Луѓето кои ја доведоа СДСМ до овој пораз се проблем, а не решение за СДСМ. Би сакала да можеше од сите доскорешни функционери да се издвои некој со јасни ставови, дистанца од корумпираните поединци од власта, што можеби ќе доведеше до внатрешно освестување. За жал, сите си ги следеа само своите кариери и можноста за опстанок во хиерархијата на партијата, без оглед дали е СДСМ победнички или губитнички. Да се јавеше барем еден кој ќе беше вокален во партијата или надвор од неа и ќе изразеше став поинаков од партискиот за измената на членот 353 од КЗ, за покачувањето на платите на функционерите, за Бехтел и Енка и низа други скандали, можеби ќе гледавме денес со други очи на него, нагласува Куновска.

Запрашана дали очекува кој и да биде избран за прв човек на СДСМ, останатите да застанат зад него или ќе видиме повторно поделеност во партијата која може подолго време да ја остави во опозиција, Куновска одговара дека „ништо не очекува“.

-Посакувам тоа ужасно агресивно итроманско силеџиско однесување, кое подразбира борба со сите средства и по секоја цена да се контролира заднински партијата, за да се тргува за своја сметка и свои интереси, да биде поразено. Очекувам и дека има поединци или група во партијата кои ќе се спротистават пратеничката група на СДСМ да служи за плодоуживање на имунитетот на поединци во собранието.

Мене совеста ми е чиста. Јас повеќепати укажав. Многу внимателно зборував и пишував. Има или не совест во СДСМ не знам. Не сум кандидат, прилично сум искрена и не сум лична. Но, јас не сум Дон Кихот сама да се борам со ветерници. Секогаш кога изнесував забелешки, пред себе имав верба дека ќе охрабрам уште некој да се спротистави на пропаста што ја живеевме и нема да ја пуштиме низ вода надежта на реки студенти и граѓани кои во 2016-2017 година маршираа низ улиците на градовите низ целата држава жедни за праведно и просперитетно општество. За жал, тоа не се случуваше или барем не навреме. И затоа денес СДСМ е со 150.000 гласови доверба и историски дебакл. Сметките на голем дел функционери се дебели, а надежта на граѓаните многу тенка. СДСМ оди по пат од кој нема враќање, а тоа не е добро не само за СДСМ, туку пред се за државата, заклучува поранешната пратеничка.

„Бојкотот“ на дел од делегатите го одложи отчетниот конгрес на СДСМ по дебаклот на претседателските и парламентарните избори на 8-ми мај. Партијата којашто ја почна постапката за избор на нов лидер викендов не успеа да го заокружи конгресот, кој беше закажан со цел да се анализираат лошите изборни резултати и да се утврдат следните чекори со цел заздравување на партијата. Засега е неизвесно кога конгресот ќе продолжи, но дел од членовите и кандидати за нов партиски лидер сметаат дека станува збор за преседан и револт на незадоволното членство.

Пратеничката на СДСМ и потпретседателка на партијата во заминување, Сања Лукаревска тврди дека Конгресот е одложен поради потребата да се анализира обемниот извештај, тој ќе продолжи. И покрај тоа што голем број од делегатите не присуствуваа, таа смета дека не се случил „конгресен дебакл“ и дека не станува збор за бојкот.

  

Најново

Министерство за внатрешни работи, Тошковски на одбележување 44 години САЕ Тигар: Елитна единица која е врв во професионализам, стручност и обученост

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведено лице од кичевско поради управување возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Министерство за финансии: Димитриеска-Кочоска од Министерски состанок во Подгорица – Фрапантните податоци од употребата на тутунот бараат итни мерки, трошоците годишно достигнуваат до 38 милијарди денари

Sase Ivanovski

Општина Чаир го доби максималниот грант од УНДП за подобрување на енергетската инфраструктура во училиштата

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова на 12. Глобален форум во Баку: ЕУ останува наша стратешка цел, а САД ќе продолжи да биде наш стратешки партнер

Sase Ivanovski

Тесла изгуби 127 милијарди долари за еден ден бидејќи кинеска автомобилска група го доведува во прашање стремежот на Маск за „лична слава“

Sase Ivanovski

Германска шпионска агенција заклучила дека вирусот КОВИД најверојатно протекол од лабораторија

Sase Ivanovski

(ВИЕО) Прес-конференција на советничката група на СДСМ и Коалицијата

Sase Ivanovski

Човек чија ќерка починала од сипаници, а не била вакцинирана: „Во вакцинирањето има работи на кои не им веруваме“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Кога СДС ќе го погледне својот двор и ќе остави надлежните да се грижат за граѓаните

Sase Ivanovski

Активацијата на резервните сили во ЕУФОР во БиХ е политичка порака

Sase Ivanovski

СДСМ, Костова: Додека за народот стана луксуз да јаде леб и сирење, власта најбезобразно вели дека нема пари за поголеми плати

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи, Тошовски: Меѓународна сертификација на Центарот за обука на МВР, градиме модерна, професионална и обучена полиција

Sase Ivanovski

За две години, 8,5 милиони евра од наш џеб за службени возила на функционерите

Sase Ivanovski

Таравари потпиша меморандум со Словачка: Новата ера на телемедицина и е-здравство во Северна Македонија

Sase Ivanovski

Студентите порачаа: Србија се разбуди, 15-ти март не е крај на протестите!

Sase Ivanovski

Рубио: Примирјето во Украина е можно во рок од неколку дена доколку Москва се согласи

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Угостителите да ги почитуваат прописите за урбана опрема, гласна музика и одлагање на сметот, во спротивно следат санкции

Sase Ivanovski

Идниот премиер на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, ги отфрла идеите на Трамп за американско преземање на островот

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Примопредавање на должност командант на Командата за обука и доктрини

Sase Ivanovski

Ученици на Албион беа гости на настанот посветен нарускиот празник Масленица со кој се испраќа зимата и дочекува пролетта во организација на ФФ „Блаже Конески“ – Скопје и Рускот центар во Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев во која Филипче бил министер за здравство, само во една набавка на канцероген мазут во висина од 22 милиони евра, помогнала со 15 милиони евра народни пари!

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Започнуваме акција за отстранување на хаварисаните и возила без регистарски таблички!

Sase Ivanovski

(ФОТО) МВР продолжува со борбата против недозволената трговија со дрога и оружје, претреси на територија на цела држава, приведени повеќе лица

Sase Ivanovski

Собранието на Република Српска донесе одлука за пристапување кон носење нов Устав

Sase Ivanovski

Вистината за Еуростандард банка е една и единствена – убиство со умисла

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Јаневски: И покрај рекордните суми доделени на ЈСП, претпријатието е доведено во ситуација да не може да се испочитува ниту возниот ред

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Богданка Кузеска: ДПМНЕ да одговори за Пуцко Петрол, како повторно кога е некој од ДУИ нема притвор?

Sase Ivanovski

Балкански центар за конструктивни политики „Солуција“ – Скопје: Никола Димитров со силни пораки за проширувањето од Лидерскиот состанок во Подгорица

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Реформската агенда е можност за трансформација на приватниот сектор“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Богданка Кузеска, Тендерските мрежи на ДПМНЕ се шират: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Има голема заинтересираност за вториот повик од унгарските пари за капитални проекти во општините, над 300 апликации се пристигнати

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Славески: Најголем проблем за брз автобуски превоз е трасата по Партизанска со што се доведува во опасност водоснабдувањето

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Во тек е јавниот повик за доделување 10 илјади денари субвенција на младите центарци за полагање возачки испит

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски: Образованието е наш фокус, во моментот се градат 7 училишта, а ќе направиме реевалуација на проектите за изградбата на зградите на ФИНКИ и ФФК

Sase Ivanovski

Награди за е-трговија: Ова се најдобрите за 2024 година!

Sase Ivanovski

Никотинските ќесички не се „снус“: производ без тутун како алтернатива за возрасни пушачи

Sase Ivanovski

Мицкоски: Последниот браник и штит на криминалот на поранешната Влада на СДСМ и ДУИ се дел од сегашните судии и обвинители

Sase Ivanovski

Tаткото на убиената Вања плачеше и се тресеше, додека Манев раскажуваше како ја грабнале и убиле неговата ќерка

Sase Ivanovski

ДКСК оформи предмет за утврдување дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите што ги добил сопругот на државната секретарка Клинчарова

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Додик за налогот за апсење: Овде пишува дека не бараат, како да сме Ал Каеда

Sase Ivanovski

“Уставен суд на Република Северна Македонија”: Институтот „интерпелација” не важи за уставни судии, тоа е упад во самостојноста и независноста на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Поранешниот грузиски претседател Саакашвили осуден на девет години затвор поради проневера

Sase Ivanovski

Средба на директорот на Царина со висока делегација од Корејска Царина: одличен прогрес на системот за управување со ризици и податочен склад со грант од Кореја

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Мицкоски: Сертификацијата на Центарот за обуки значи потврда за напорната работа и остварување на визијата за полицискиот и образовниот систем

Sase Ivanovski

Топ Тема – Раздорот меѓу двете најголеми сидникални организации за минималната плата

Sase Ivanovski

Како Hyundai стана третиот најголем производител на автомобили во светот…

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претреси на подрачје на СВР Струмица, пронајдена дрога, приведени дилери

Sase Ivanovski

Во текот на вчерашниот ден констатирани 706 сообраќајни прекршоци 

Sase Ivanovski

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата, наскоро ќе се стави крај на вакви случаи

Sase Ivanovski

Размена на искуства и предизвици на патот кон ЕУ во фокусот на средбата на МЕП Муртезани со турските експерти

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС во правосудството ги штитат луѓето на ДУИ и синиот на пратеникот Јахоски заврши само во домашен притвор за криминал тежок 167 милиони евра

Sase Ivanovski

Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

Sase Ivanovski

Мицкоски: Правата на Македонците во Бугарија не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на 12. Глобален форум во Баку: ОН се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни

Sase Ivanovski

Герасимовски: На барање на граѓаните, зголемен бројот на локации за собирање кабаст отпад од 15 до 20 март

Sase Ivanovski

Собранието на Република Српска за новиот устав: Од војска до самоопределување

Sase Ivanovski

Претрес во тетовско, пронајдена дрога, приведено едно лице

Sase Ivanovski

СДСМ: За овие 9 месеци, ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Sase Ivanovski

Трговска војна: Трамп се закани со царини од 200 отсто за пијалоците од земјите од ЕУ

Sase Ivanovski

Костовски: Премиерот Мицкоски направи голем потег со проектот за финансирање на општините од страна на Владата

Sase Ivanovski

Кремљ: Предложениот прекин на огнот ќе биде само одмор за украинската војска, и е неприфатливо за Москва

Sase Ivanovski

Јаревски: Членовите на Судски совет доблесно e да се повлечат, ако за нешто имаме консензус тоа е дека ако некој згрешил треба да одговара

Sase Ivanovski

Мисајловски: Сега сме еднакви во НАТО, но не смееме да заборавиме дека како држава дадовме многу

Sase Ivanovski

Претрес во струшко, пронајдени оружје и муниција

Sase Ivanovski

Грипот зеде уште еден живот – минатата недела нови 2.347 заболени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов продолжува да делува како партиски портпарол на СДС и да одработува за нивни интереси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дутерте ја презема целосната одговорност за крвавата војна против дрогата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ обединети со нивните корумпирани измеќари, судии и обвинители, ја штитат мазут мафијата која направила криминал тежок 167 милиони евра

Sase Ivanovski

Доживотен затвор доби Елвин Куртовиќ за убиството кај „Мавровка“

Sase Ivanovski

СДСМ: Доказите се кристално јасни, ОЈО веднаш да отвори истрага за тендерите на Стефан Андоновски

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Фани-Сорос е гласноговорник на режимот што 7 години пустошеше низ Македонија

Sase Ivanovski

Меџити: Истрагата за скандалот со штетниот мазут ќе оди до крај!

Sase Ivanovski

ПАЛЧО ИМАЛ СПИСОК НА ЛИЦА ЗА КИДНАПИРАЊЕ: На неа се нашле имотни лица

Sase Ivanovski

Ќе се унапредува процедурата за центрите за жртви на сексуално насилство

Sase Ivanovski

И купувањето половни возила станува луксуз во Македонија, државата „глоби“ и од поевтините и од поскапите

Sase Ivanovski

ЈАС СЕ СОГЛАСУВАМ СО ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СУДСКИОТ СОВЕТ: Се додека не се направи реформа на судството ќе се замајуваме со политички решенија, вели Најчевска

Sase Ivanovski

АДВОКАТОТ ЈАНАКИ ЗА ДАМЕВА: Немам ништо лично против неа, но се работи за класична партиска инсталација

Sase Ivanovski

ТАТКОТО НА ЈАХОСКИ СЕ ПОВИКУВАЛ НА ПРАТЕНИЧКИ ИМУНИТЕТ И НЕ ОТВАРАЛ НА ПОЛИЦИЈАТА: Прв се обидел да дојде до документи и електронски уреди кои би се поврзале со спорните набавки

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ ЈА ПРАШУВАЛ ВАЊА КОЛКУ СТАНОВИ ИМААТ: Таа му рекла од таткото да не бараат пари, туку од нејзината мајка која душата ќе ја даде за нив

Sase Ivanovski
Вчитувам....