На југот на Англија, во прекрасниот рибарски град Полперо, кој има околу 1.500 жители, се наоѓа реплика на село во размер 1:24. Овој уникатен модел, создаден во 1950-тите, го прикажува локалното пристаниште, црквата, плажата, куќите и продавниците – верно пренесувајќи го духот на местото што го опкружува, пишува „Блиц“. Она што го прави овој имот уште поинтересен е фактот дека заедно со селото се продава и целосно опремена куќа со три соби со две бањи, кујна, дневна соба и тераса. Идеално место за живеење – или водење бизнис – бидејќи моделното село е веќе добро позната туристичка атракција што ја посетуваат илјадници луѓе секоја година. За 710.000 фунти (што е некаде околу 834.463 евра) можете да станете сопственик на целото село.
Имотот е рекламиран од агенцијата за недвижности „Карл Џонс“, со пораката: „Сонувајте на големо – во мало село“. Ако сакате да поседувате атракција на популарниот корнволски брег, да живеете во шармантна куќа и во исто време да остварувате приход од туризам – ова е ретка можност. „Реал Полперо“ нуди и бројни кафулиња, ресторани и дневен свеж улов од морето, што го прави совршено место за љубителите на храна, природа и нетипични инвестиции.