Депонијата која е предвидена за отстранување се простира на простор од 15000м2.
Според изведувачот времетраењето на работите не може да се прецизира поради високите температури и скратеното работно време но во секој случај работите би биле завршени во не повеќе од 30дена.Средствата во висина од 2.5 мил. ден за реализација на овој проект се одвоени од буџетот на Општина Шуто Оризари.
Согласно буџетските можности на општина Шуто Оризари, свесни сме дека со оваа интервенција нема да успееме во целост да го решиме проблемот и затоа апелираме и до надлежните инсистуции, Градот Скопје, Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH и Владата на СРМ да ни се приклучат со свое учество, со крајна цел, зачувување на здравјето на граѓаните на градот Скопје и обезбедување на здравс животна средина.