Пред самиот крај, во 96. минута, Велшаните се спасија од пораз во Скопје.
Фудбалската репрезентација на Македонија одигра еден тежок меч против Велс, на кој прими гол во последна минута и одигра реми (1-1) во рамки на квалификациите за СП 2026. По многу тактичка битка и борба на теренот, избраниците на Благоја Милевски дојдоа до предност во 91. минута преку Бојан Миовски, но пред самиот крај, во 96. минута, Велшаните се спасија од пораз во Скопје и дојдоа до бод.
Ова е прво реми во циклусот за Светското првенство 2026 за двете репрезентации, по стартните победи. Вечерашниот меч на Македонија против Велс накратко беше прекина во 59-тата минута во спомен на жртвите од Кочани по што следеше аплауз од публиката и играчите. Претходно, целата арена „Тоше Проески“ во еден глас ја пееше македонската химна, а веднаш по интонирањето на националните химни, пред првиот судиски свиреж имаше и минута молк во чест на загинатите.