Крим, Донбас и Новоросија се одамна затворени прашања со оглед на референдумите и Уставот на Руската Федерација, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за телевизијата „Русија 1“. „Јасно е дека оние што моментално управуваат со Украина под западно покровителство не ги претставуваат интересите на огромното мнозинство од населението. Крим и Донбас, Новоросија, тоа се одамна затворени прашања“, нагласи Лавров, потсетувајќи дека оваа територија стана дел од Русија преку референдум.
„Да го почитувате вашиот територијален интегритет, почитувајте го вашиот народ. Не ги спречувајте да го зборуваат својот мајчин јазик, да се сеќаваат на нивната историја, да ги воспитуваат своите деца како што ве воспитувале вашите дедовци, прадедовци, татковци и мајки“, додаде тој. Како што потсети рускиот министер, канонската религија и јазик се забранети за оние кои зборуваат руски во Украина, пренесува Политика. Западот, пак, ги промовира „човековите права“ насекаде низ светот, кревајќи го овој транспарент од различни причини – додаде тој.