Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ситуацијата околу украинско-руските преговори во Истанбул е „интригантна“, нагласувајќи дека никој не очекува лесен процес и повторно критикувајќи ја улогата на Западот и властите во Киев во ескалацијата на конфликтот.„Секако, сите сега зборуваат за Украина во врска со интригата што моментално се „готви“ во Истанбул“, рече Лавров на состанокот на Дипломатскиот клуб во Москва, објави РИА Новости.
Тој додаде дека разговорите ќе бидат тешки и го потсети на прекинатите преговори од 2022 година, за кои ја обвини Велика Британија. Лавров остро реагираше на барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски лично рускиот претседател да присуствува на разговорите, нарекувајќи го Зеленски „беден човек“, наведувајќи дека е „манипулиран“ од надворешни актери.
Тој ги повтори своите претходни ставови дека Киев води политика што не ги претставува сите делови на Украина, особено оние со рускојазично население.