Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп директно вели дека сака мир, додека Европа бара „продолжување на банкетот“ во форма на војна, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. И сега, по мандатот на Џо Бајден, дојдоа луѓе кои сакаат да се раководат од здравиот разум. Тие директно велат дека сакаат да завршат сите војни, сакаат мир. Кој бара „продолжување на банкетот“ во форма на војна? Европа. , рече Лавров во интервју за „Краснаја звезда“.
Тој истакна дека во последните пет века сите светски трагедии потекнуваат од Европа или се случиле благодарение на европската политика. Според Лавров, Американците во сето ова не одиграле никаква провокативна или „запалива“ улога, пренесе ТАСС. Тој оцени дека плановите на европските лидери за воведување мировни сили во Украина се „дрскост и поттикнување на режимот во Киев на војна против Русија“.