Вистиномер ја праша Чупеска дали напишаното и споделено во објавата е од нејзин профил, или пак, станува збор за лажна фотографија. Чупеска кратко ни одговори дека таа не го напишала тоа и дека се работи за лажно креиран профил, односно лажна фотографија и злоупотреба на нејзиното име. Анализираме објава на Фејсбук која споделува наводен статус на потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, објавен по повод велигденските празници.
Ај среќен да е. А баш не ми се пишуеше нишо, ама ваква комедија не се пропушта. Кузнај колку се намачила, стои во објавата. Објавата споделува и фотографија од наводната објава на Чупеска. Објавата е доста вирална, а може да се најде и тука. Вистиномер побара на социјалните мрежи Фејсбук, Икс, Тредс и Инстаграм дали ваков статус има објавено потпретседателката на СДСМ, но не најдовме. Не најдовме ниту профил на која било од овие социјални мрежи со ваква фотографија. На официјалниот Фејсбук профил на Чупеска нема таква објава. Ист е случајот и со нејзините сметки на Икс и Инстаграм – и таму не најдовме ваква објава.
Вистиномер ја праша Чупеска дали напишаното и споделено во објавата е од нејзин профил, или пак, станува збор за лажна фотографија. Таа кратко ни одговори дека не го напишала тоа и дека се работи за лажно креиран профил, односно лажна фотографија и злоупотреба на нејзиното име. Поради тоа, истата ја оценуваме како невистина.