– Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (две основни училишта и 14 средни училишта), по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информира Министерството за внатрешни работи.Веднаш по добиените пријави, појаснуваат од МВР, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Безбедносната состојба е стабилна и не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните, констатираше Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница на состанокот што се одржа денеска по честите дојави за бомби во државава.Поради честите дојави за бомби во изминатиот период, денеска состанок одржа Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, кој донесе одлука да се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани.
На состанокот, е оценето дека безбедносната состојба е стабилна и не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните.Изминатата недела, покрај во училишта, дојави за наводно поставени бомби беа испратени на електронски адреси на институции, спортски објекти, хотели, станбени комплекси, трговски центри и на Скопскиот аеродром. Сите дојави беа лажни