По натпреварот со Литванија и пласманот на ЕП, селекторот Кирил Лазаров даде коментар на одиграното и им честита на сите играчи за постигнатото.
„Сакам да им честитам на сите момци, им честитав во Естонија и ги поддржав. Дојде јавноста, не поддржи по победата со 19 гола разлика. Сите беа решени да се пласираат на ЕП 2026. Отворивме лошо, типично македонски. Но, како одминуваше време, така мечот замина на наша страна. Момците не се испаничија, покажаа карактер. Имавме екстра-квалитетен меч, знаевме што сакаме. Секоја чест за целиот тим. Сега ќе играме со најдобрите во Европа“, изјави Лазаров. Ждрепката за групната фаза на Европскиот шампионат е на 15 мај.