Екипата на Алкалоид денеска оствари голема победа од пет гола разлика на свој терен во полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп и така направи голем чекор кон пласманот во финалето. Во Автокоманда избраниците на Лазаров одиграа одличен натпревар и славеа со 42-37, но Лазаров предупредува дека работата не е завршена.
„Рунар е екипа која има материјал и квалитет. Очекувам тежок натпревар во реваншот. Играат добро и во лигата и во Европскиот куп и треба добро да се подготвиме за реваншот. Сигурен сум дека ќе ни биде потешко таму. Денеска заслуживме да победиме, но не со пет гола разлика, можеби со еден или два не повеќе“, искрен беше Лазаров по натпреварот.
Реваншот е закажан за на 27 април од 17 часот.